Делегација од Сенатот на Француската Република денеска ќе престојува во посета на Собранието на Северна Македонија.
Вести
-
Македонија 24.09.2026 09:35
-
Македонија 24.09.2026 09:14
„Не пропуштај ниту еден ритам“ – едукативен панел по повод Светскиот ден на срцето
По повод Светскиот ден на срцето, денеска во Europe House Скопје ќе се одржи едукативен панел под мотото „Не пропуштај ниту еден ритам“, организиран од Здружението за кардиологија, во партнерство со Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.
-
Македонија 24.09.2026 09:02
ЦУК: 23 пожари изгаснати, еден под контрола
Во изминатото деноноќие, до 7:30 часот утрово, биле регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.
Во моментов нема активни пожари. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.
-
Економија 24.09.2026 08:50
Стопанска комора со серија настани за кредитирање и локален развој
Регионалната конференција „MicroBalkans“, состанок со градоначалници посветен на локалниот развој и дигитализацијата, како и настанот „Industry Meetup“ во организација на ДИГИТМАК – се дел од активностите што во наредните денови ќе ги организира Стопанската комора, со фокус на финансискиот сектор
-
Македонија 24.09.2026 08:35
Собраниска комисија за избори и именувања на седница
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.
На дневен ред е формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, по огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
-
Македонија 24.09.2026 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.09.2026 08:05
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
Утрото ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
-
Македонија 23.09.2026 20:37
Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар, следуваат соодветни поднесоци
На 22.09.2026 во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул. „Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери.
-
Свет 23.09.2026 19:59
САД и Иран ги продолжуваат преговорите со катарските посредници
По неколкумесечен застој, искра надеж за дипломатијата. САД и Иран ги продолжуваат преговорите со катарските посредници. Портпаролот на иранското МНР Багаи потврди за средбата меѓу двете делегации. И Трамп соопшти за тричасовна средба на Виткоф и Кушнер со иранските претставници.
-
Македонија 23.09.2026 19:21
Одбиена иницијатива за измени на Изборен законик
Собранието го има правото да одлучува за распределба на пари од државната каса за финансирање на партиите во изборна кампања согласно со Изборниот законик. Уставниот суд ја одби иницијативата на Левица, за законски измени за платено политичко рекламирање.










