Судењето за нападот врз градоначалничката Арсовска продолжи со сослушување на медицинскиот вештак и полициските службеници. Одбраната на обвинетиот најави кривична против Арсовска за напад и недозволено снимање.
Рочиштето го следеше Ирина Гелевска.
Судењето за нападот врз градоначалничката Арсовска продолжи со сослушување на медицинскиот вештак и полициските службеници. Одбраната на обвинетиот најави кривична против Арсовска за напад и недозволено снимање.
Рочиштето го следеше Ирина Гелевска.
Откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт минималната кошничка секој месец урива рекорди, се живее сè потешко, обвинуваат социјалдемократите. Опозицискиот лидер со став – власта ја разгорува инфлацијата полнејќи го Буџетот, а не презема ништо за растот на цените.
Над 105 милиони евра од Фондот за здравство завршиле во касите на двете најголеми приватни болници за кардиолошки интервенции во последниве шест години. Обвинувањата на кардиологот Сашко Кедев дека дел од операциите биле непотребни – ја отворија пандорината кутија во здравството.
Полицијата соопшти дека рано утрово во Кавадарци се случило убиство. По физички напад врз сограѓанин, извршено од три помлади лица, 42-годишниот П.Т. паднал на земја. Откако екипа на Итната помош била повикана, таа констатирала смрт кај лицето, поради повреди на глава.
Одложувањето на носењето на Законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, негативно влијае врз институционалната координација и комуникација во справувањето со климатските промени, утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај.
Илјадници демонстранти ги блокираа автопатите во Израел со барање за прекин на огнот и ослободување на заложниците што сè уште се во Газа.
Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ утре, на 28-ми август ќе гостува на Бриони во Хрватска каде театарот „Ulysses“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА.
Киев призна дека силите на Москва влегла во клучниот регион Днепар, каде што Русија тврди дека има напредок уште од јули годинава. Продолжуваат и меѓусебните напади со беспилотни летала.
Стапува во сила одлуката на САД со која се зголемуваат тарифите за индискиот извоз до 50 проценти. Нова казнена тарифа од дополнителни 25 проценти беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната тарифа од 25 проценти.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Политико“ изјави дека Северна Македонија е подготвена да ги спроведе сите неопходни реформи, не само поради барањата на ЕУ, туку и за посилно општество.