58. Летна школа за македонски јазик што ја организира универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Има 60 македонисти од 17 земји. Продолжуваат да ја шират мисијата за употреба на македонскиот јазик во светот.
Известува Сашо Нелоски.
58. Летна школа за македонски јазик што ја организира универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Има 60 македонисти од 17 земји. Продолжуваат да ја шират мисијата за употреба на македонскиот јазик во светот.
Известува Сашо Нелоски.
Се зголемуваат одбранбените капацитети. Нови 29 лесни оклопни возила за македонската Армија од Соединетите Американски Држави. Предвидени се за пешадиска баталјонска група за патувања и мисии.
Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за претседател на Државната комисија за спречување на корупција. Јавниот оглас завршува денеска. Конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се испратени по пошта. Изборот ќе биде по локалните избори.
Од денеска треба да има нови, намалени цени на училишниот прибор.
„Нема да се толерира дивеење на одредени синџири на супермаркети, кои со скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите“ – премиерот Христијан Мицкоски изјави дека анализите покажале оти во одредени сектори услугите се зголемени за повеќе од 20 проценти.
Владата нема да се откаже од европскиот пат. Во врска со предметот на Уставен оформен по иницијативата за укинување на вториот протокол, оттаму велат дека ќе чекаат одлука.
Раскрвавени глави, солзавец, пиротехника, судири со полицијата – нова бурна и тензична ноќ на улиците во Србија. Во десетици градови се одржаа протести, и на демонстрантите кои се против власта на Вучиќ и на неговите поддржувачи. Во Нови Сад демолирани просториите на Српската напредна странка.
Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава.
Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР.
Од денеска почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември.