Утре во Брисел расправа за извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Со него се потврдуваат македонскиот идентитет и јазик, но поднесени се и аманд
Вести
-
Македонија 03.06.2025 08:14
-
Македонија 03.06.2025 08:12
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
-
Македонија 02.06.2025 21:10
Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени
Вчера околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во с.Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.
-
Економија 02.06.2025 20:52
Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
-
Култура 02.06.2025 20:20
Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет Скопје, гостин македонски „Танец“
Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ ќе се претстави со концерт на народни игри на 3 јуни 2025 година со почеток во 19.30 ч. во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“.
-
Македонија 02.06.2025 19:44
Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба
Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба „Брз одговор 2025“, на која учествуваат повеќе од 2.200 војници од 9 држави.
-
Македонија 02.06.2025 19:11
Се гради ново основно училиште во Ченто
До септември следната година се очекува да заврши изградбата на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба. Новото училиште ќе ги замени дотраените бараки стари повеќе од шест децении.
-
Македонија 02.06.2025 18:31
Вежба „Брз одговор 25“ на Криволак
Напади од американски борбени хеликоптери „Апачи“ и за првпат на Криволак боено гаѓање од грчки тенкови „Леопард“. Напади со пешадија, и извлекување на повредени со хеликоптери „Блекхок“. Ова е дел од сценариото на вежбата „Брз одговор 25“.
-
Свет 02.06.2025 18:21
Нова рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
Дипломатијата на потег. Делегациите на Киев и Москва повторно на маса во Истанбул. Се презентираат меморандумите за иден мировен договор. Турскиот министер за надворешни очекува продуктивна средба.
-
Македонија 02.06.2025 17:40
Повторно на маса предлогот за една изборна единица
Предлогот за една изборна единица е повторно на маса – Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија иницираат измени на Изборниот законик. Бараат секој глас да има еднаква вредност, но според нив, една изборна единица ќе донесе и поголема демократизација на општеството.









