Врие од интернет измами во Македонија. Преку лажни СМС за пристигнати пратки од пошта, како и лажни фактури за уплата се мамат граѓаните да остават лични податоци кои потоа ќе бидат злоупотребени.
Вести
-
Македонија 10.08.2025 15:02
-
Македонија 10.08.2025 14:30
24 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
Болката и по 24 години не поминува, вели Благица Златевска, мајка на загинатиот бранител Ивица Златевски, кој беше најмлад меѓу жртвите на тој кобен 10-ти август, 2001-ва година. Со солзи во очите раскажа како утрото го чекала синот да си дојде дома.
-
Македонија 10.08.2025 13:43
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори
Државната изборна комисија не може никому да му го ускрати уставно загарантирано право да учествува на избори. Да бира и да биде избран. ДИК ги расчисти дилемите. Независните ќе можат да учествуваат на локалните.
За нивните реакции во Дневникот известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 10.08.2025 13:09
Намален бројот на крводарувања во Куманово
Намален број крводарувања, периодов бележи центарот за трансфузиологија во Куманово. Од установата смируваат, простор за паника нема. Вообичаено во летниот период се намалуваат резервите крвни единици, поради летните одмори, сезонската работа, затворените училишта.
-
Свет 10.08.2025 12:45
Киев и ЕУ: Не може одлуки за Украина без Украина
Потврдената средба во Алјаска меѓу Трамп и Путин што треба да се одржи идниов петок ги разбуди надежите кај Украинците за ставање крај на војната, но и ги разгоре стравувањата дека земјата може да загуби дел од својата територија.
-
Македонија 10.08.2025 11:43
Охрид очекува успешна постсезона
Намалениот број на странски туристи во текот на шпицот на сезоната се должи на откажувањето на неколку тур-оператори.
-
Македонија 10.08.2025 10:39
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.
-
Македонија 10.08.2025 10:00
ЦУК: Вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен а изгаснати се 21
На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 10.08.2025 09:40
Сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.
-
Македонија 10.08.2025 09:14
Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
Денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година на крајот на воениот судир, кај месноста Љуботенски бачила.










