Последни подготовки за одбележување на националниот празник Илинден. Државниот врв и оваа година ќе го одбележи на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – крушевскиот и АСНОМ-скиот.
Вести
-
Македонија 01.08.2025 14:19
-
Македонија 01.08.2025 13:43
Обвинение за сообраќајка со смртни последици во неготинско
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 01.08.2025 13:08
10 кандидати подготвени за обука за пилоти
Нови пилоти ќе летаат над македонското небо. Агенцијата за цивилно воздухопловство кофинансира 27 лица за добивање неколку дозволи, со што се очекува да се намали дефицитот на кадар.
Александра Велинова го следеше настанот.
-
Македонија 01.08.2025 13:06
Намалени царини за македонските производи
Македонија ќе извезува во САД со царина од 15%, наместо досегашните 33%. Американскиот претседател Трамп го објави новиот трговски режим за земјите од светот. По нашата земја тука се и Хрватска и Словенија. Марија Котовска има повеќе на оваа тема.
-
Македонија 01.08.2025 13:02
Изборите ќе го одложат разрешувањето на Коцевски
Државниот обвинител Коцевски и покрај изгласаната интерпелација останува на челната позиција. Премиерот Мицкоски вели дека распишувањето на изборите ќе го пролонгира процесот.Андријана Ѓурческа известува. -
Македонија 01.08.2025 12:59
Втора седница на Советот за безбедност
Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност, каде членови се највисокиот државен врв во земјава, како и првите луѓе на Aгенциите за безбедност и заштита и спасување. Oва е втор состанок по ред.
Миле A. Ристески известува
-
Македонија 01.08.2025 12:04
Лишен од слобода маж од скопско, превезувал стока без документација
Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Мирковци го лишија од слобода В.Р.(33) од с. Танушевци, скопско.
-
Свет 01.08.2025 11:12
Специјалниот пратеник Виткоф во посета на Израел и Газа
Облаци од чад се издигаа зад зградите во близина на градот Газа, додека хуманитарната криза продолжува.
-
Свет 01.08.2025 10:15
Трамп ги објави новите царински стапки за сите земји од светот, Македонија има стапка од 15 насто
Претседателот на САД потпиша извршна наредба со која официјално се најавуваат нови царини за увоз од десетици земји. Новите давачки ќе се применуваат за седум дена, односно од 7-ми август и се движат од 10 до 50 насто.
-
Македонија 01.08.2025 10:02
На Богородица за влез и излез од државата се чека околу 45 минути
Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил” до клучка кај бензинска станица „Салида“ ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8.










