Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот. Шефот на Белата Куќа му постави рок на Путин од 10 дена да ги запре нападите, скратувајќи го претходниот рок од 50 дена.
Вести
-
Свет 31.07.2025 11:04
-
Свет 31.07.2025 10:28
И Канада ќе ја признае палестинската држава
Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни. Потегот следува откако разговарал со британскиот премиер Стармер, кој објави сличен потег, а истото претходно го направи и францускиот претседател Макрон.
-
Македонија 31.07.2025 09:53
Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија
Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.
Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.
-
Македонија 31.07.2025 09:43
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител.
-
Македонија 31.07.2025 09:39
Хуманитарна криза во Газа, расте притисокот врз Израел
Меѓународната заедница под зголемен притисок за решавање на судбината на Газа. Се зголемува бројот на земји што планираат да ја признаат палестинската држава. По Велика Британија и Франција и Канада потврди дека е посветена на решение за две држави.
-
Македонија 31.07.2025 09:32
Две комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 31.07.2025 09:17
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Берово
Од 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.
-
Македонија 31.07.2025 08:48
ЦУК: Активни три пожари, 24 се изгаснати
Според последните информации од Центарот за управување со кризи активни се три пожари во земјава и тоа во општините Василево, Прилеп и Кавадарци.
-
Македонија 31.07.2025 08:34
Денеска во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 61. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
-
Македонија 31.07.2025 08:11
Денеска променливо облачно, посвежо и нестабилно
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.










