„Инспекторите спиеја, нашите деца не се разбудија“, „Каде да фатам врски да ми се вратат другарите“. Ова се дел од пораките на петтиот „Марш за ангелите“ во Кочани. Велат нема потреба од зборови, очекуваат дела.
Вести
-
Македонија 10.05.2025 18:40
-
Свет 10.05.2025 18:18
Во Рим засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав 14
Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав 14 на 18-ти мај. Полицајцитe ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови.
-
Македонија 10.05.2025 17:37
Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
-
Свет 10.05.2025 17:21
Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле на примирје
Пакистан и Индија се согласија на примирје. Трамп објави дека по долга ноќ разговори посредувани од САД, има целосен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан. Пакистанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата ја потврди одлуката за примирје.
-
Македонија 10.05.2025 16:59
Се одбележува неделата на сестринството
Заштите ја, инвестирајте во сестринската и акушерската професија, е порака која беше испратена од централната прослава на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, одржана во Велес.
-
Македонија 10.05.2025 16:08
Се чистат зелените површини низ општините во земјава
Почисто, позелено, поурбано, е мотото коешто ги водеше над стоте ученици, волонтери, екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, кои се вклучија во акцијата „Генералка викенд“. Куманово во оваа акција учествува по петти пат.
-
Македонија 10.05.2025 15:14
Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025
Новата Влада постави црвена линија, тоа е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација, порача заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на панел дискусијата „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“.
-
Македонија 10.05.2025 14:18
Петмина под истрага за убиството во Штип
Од Скопје купил пиштол на црно, па отишол во Штип да го убие сонародникот со кого имал нерасчистени сметки. Обвинителството отвори истрага за Турчинот кој на 8-ми мај во кафуле пред очевидци застрела човек.
Ќе одговараат и четворицата коишто се обидоа да му помогнат да избега.
-
Македонија 10.05.2025 14:02
Акција за отстранување цврст отпад од дното на Охридското езеро
Стотина нуркачи од Охрид, други македонски градови и од регионот, денеска во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ на неколку локации долж езерскиот брег спроведоа акција за отстранување цврст отпад од дното на Охридското езеро.
-
Економија 10.05.2025 13:30
Цената на јунешкото месо расте, намален добиточниот фонд
Спасе Чакревски од мариовско Витолиште годишно има 30-тина говеда за товење. Ги продава жива мера за извоз, зашто кланиците не откупуваат оти, вели, поевтино им е да увезат замрзнато месо. Има објаснување зошто јунешкото во месарниците е преку 700 па до 900 денари.










