Десет години од вооружената престрелка во „Диво Насеље“, кога загинаа осум припадници на македонската полиција, а 37 беа повредени. Единствено што сè уште потсетува на случувањата од 9-ти и 10-ти мај 2015-та година, се останатоците од шрапнелите на една од куќите. Останатите веднаш беа обновени.
Вести
-
Македонија 09.05.2025 17:54
-
Македонија 09.05.2025 17:38
Со измените на Законот за локална самоуправа, се враќа можноста за референдумско отповикување градоначалник
Градоначалниците повеќе нема да бидат неменлива категорија. За нивно отповикување ќе се гласа на референдум, но доколку тоа го побараат 20 проценти од граѓаните што живеат во една општина.
-
Свет 09.05.2025 17:13
Новиот папа Лав 14 на прва служба во Ватикан
Новоизбраниот понтиф на Римокатоличката црква, папата Лав 14 ја одржа првата миса во Сикстинската капела во Ватикан. По добивањето на довербата од Колеџот на кардиналите денеска папата и официјално ја почна службата во светата столица.
-
Економија 09.05.2025 16:58
Цените на производите постојано варираат
Цените на производите варираат. Некаде со помало, на друго место со драстични зголемувања, велат граѓаните. Основните продукти мора да се купат, ама за овошјето, купувачите трипати се премислуваат. Ваква е сликата и во маркетите и на зелениот пазар.
-
Македонија 09.05.2025 16:35
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем, имплементација пред летната сезона
Министрите за внатрешни работи Панче Тошовски и Ивица Дачиќ денес во Белград потпишаа договор според кој Македонија и Србија до почетокот на летната сезона на преминот Табановце-Прешево ќе стартуваат со заедничка контрола на патници, стоки и услуги.
-
Македонија 09.05.2025 16:14
Со чистење на скопскиот Аквадукт, почна тридневната еколошка акција „Генералка викенд“
Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија на најмасовниот еколошки настан на балканот, генералка викенд. Волонтерски настан од граѓаните за граѓаните. По петти пат се случува најголемата акција за собирање отпад.
-
Македонија 09.05.2025 16:00
Јованов призна вина, семејството на Фросина бара најстрога казна
Се извини, изрази сочувство до семејството на Фросина, па призна вина за стравотната несреќа во која ја усмрти 22- годишната девојка. Имам голема грижа на совест и тоа што го направив ќе ме прогонува до крајот на животот, рече обвинетиот Васил Јованов.
-
Македонија 09.05.2025 15:44
Уапсен убиецот на 25-годишниот странски државјанин и четворица помагачи, сите турски државјани
Убиено е 25-годишно момче од Турција. Настанот се случи вчеравечер во кафуле во центарот на Штип. Осомничениот за убиство и четворица кои му помагале во бегството се фатени и приведени. Сите се државјани на Турција.
-
Култура 09.05.2025 15:30
Љутков: Архитектурата зборува преку „Strada Brutalissima“
Со претставување на проектот „Страда бруталисима“ денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“ во Венеција, беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025.
-
Македонија 09.05.2025 15:10
За термини се чека на ред, додека опрема вредна милиони евра стои неупотребена
Ние ги бориме таблетките за месечна терапија, внимаваме на колку дијагностички процедури ќе го пуштиме пациентот, а од друга страна се одлеваат пари, а пациентите немаат никаков бенефит, вели матичниот лекар Анкица Станоевска.










