Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Полицијата влезе во домот на сопственикот, се бараа нови докази, беа одземени компјутери и финансиска документација. Судот во Кочани ги прифати жалбите на тројца осомничени.
Вести
-
Македонија 27.03.2025 10:23
-
Македонија 27.03.2025 10:21
Состојба на повредените во пожарот во Кочани
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Четворица од повредените кои се лекуваа во Шпанија и еден во Грција се вратија во земјава. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат под надзор на домашните болници.
-
Македонија 27.03.2025 09:45
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 27.03.2025 09:41
Во Париз самит на „Коалиција на подготвените“ за мир и безбедност во Украина
Во Париз, состанок на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност во Украина. Прашањето за испраќање војници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија и договорот за воена помош за Киев во фокусот на самитот.
-
Култура 27.03.2025 09:21
„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија
Концертот „Без зборови“ на оркестарот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот ќе биде хуманитарен, а средствата од продадените билети ќе бидат донирани во Фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
-
Свет 27.03.2025 08:55
Руте апелира за единство во Европа
Генералниот секретар на НАТО, Руте апелира за единство додека европските нации се вооружуваат и ги зголемуваат своите одбранбени индустрии.
-
Свет 27.03.2025 08:50
Состанок на сојузниците за безбедноста на Европа
Во Париз, состанок на европските лидери за безбедноста и одбраната на Европа.
-
Македонија 27.03.2025 08:43
Мицкоски ќе присуствува на пречек на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“-Охрид
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пречек на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“-Охрид.
-
Македонија 27.03.2025 08:34
Македонија одбележува пет години членство во НАТО
Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.
-
Македонија 27.03.2025 08:28
Министерката Јаневска и градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на ОУ „Партенија Зографски“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“ во Скопје.










