Вести

  • Свет 26.03.2025 09:48

    Разговори за прекин на огнот во Украина

    Постигнат е голем напредок во обидот да се постигне прекин на огнот меѓу Украина и Русија, уверува американскиот претседател. Трамп потврди дека во процесот на следење на примирјето ќе бидат вклучени и трети земји.

  • Култура 26.03.2025 09:41

    Премиера на претставата „Олд Сејбрук“ и прикажување на групната меѓународна изложба „Периферии“

    Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ. Претставата е дел од меѓународниот проект ПРОСПЕР и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид, а го отвора прашањето за односот на поединецот кон природата.

  • Свет 26.03.2025 09:20

    Трамп со поддршка за Волц по „аферата сигнал“

    Американскиот претседател изјави дека го поддржува советникот за национална безбедност Мајкл Волц и потенцираше дека по „аферата Сигнал“, тој си ја научил лекцијата.

  • Свет 26.03.2025 08:49

    Продолжуваат нападите во Газа

    Израел продолжува со нападите во обновените судири во Појасот Газа. Роднините и поддржувачите на заложниците кои ги држи Хамас во енклавата продолжуваат со протестите пред канцеларијата на Нетанјаху, барајќи нивно итно ослободување.

  • Свет 26.03.2025 08:44

    Зеленски: Ако Русија падне, ќе има силен одговор

    Украинскиот претседател е песимист дека Русија ќе ги почитува условите за прекин на огнот предложени од САД. Украина ќе направи се за да функционираат договорите и да нема напади, но Русите мора да сфатат дека ако нападнат, ќе добијат силен одговор, истакна Зеленски.

  • Македонија 26.03.2025 08:30

    Судењето за двојното убиство продолжува со распит на обвинетите

    Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје.

  • Македонија 26.03.2025 08:10

    Нови претреси и распити во истрагата за пожарот

    Полицијата и Обвинителството интензивно работат на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Нови претреси и распити. Се собираат докази од канцеларии на Пазарниот инспекторат во Кочани и во Виница, под лупа и друг објект на сопственикот на „Пулс“.

  • Македонија 26.03.2025 08:00

    Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

  • Македонија 25.03.2025 21:18

    Обвинение за разбојништво во продавница за бела техника во Скопје

    По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на кои им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

  • Македонија 25.03.2025 21:04

    Приведен дрвокрадец од скопско

    Денеска околу 14.20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св. Никита во с. Горњани, сопрено е патничко моторно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. од с. Блаце, скопско.

Pages