Изречена пресудата за случајот „Талир 2“, предметот во кој е обвинет експремиерот Груевски за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ. Судењето за овој предмет почна во 2019.
Вести
-
Македонија 14.07.2026 13:33
-
Македонија 14.07.2026 13:23
Отчет на досегашниот директор на ФЗОМ
Сашо Клековски седна во министерската фотелја во Здравство. Неговиот претходник Алиу му ја предаде функцијата. Но поранешниот директор се врати во Фондот, пред новинарите даде осврт на двегодишното работење и реализираните проекти.
-
Македонија 14.07.2026 13:22
Кривична за трите насилнички од Куманово
Кумановската полиција поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички кои се сомничат дека сториле кривично дело насилство, навредувале и физички нападнале девојче, го снимале и му се заканувале да не пријавува.
Известува Елена Георгиевска.
-
Македонија 14.07.2026 13:15
Изгласани новите министри во владата на Мицкоски
Осум нови министри влегуваат во владиниот кабинет, нова енергија – од собраниската говорница уверуваше премиерот Мицкоски. Народните избраници доцна со 69 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“ ја изгласаа реконструкцијата. Опозицијата ја напушти собраниската сала.
-
Свет 14.07.2026 12:43
Американски напади врз Иран, Техеран возврати со ракети
Иран ја помина ноќта под американски оган. Крајбрежните одбранбени системи, локации за ракети и беспилотни летала, поморски капацитети, на удар на силите на САД.
-
Македонија 14.07.2026 12:16
Во сила новите ограничувања за електричните тротинети
Од денеска стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
-
Свет 14.07.2026 11:33
Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја
Денес во Париз ќе се одржи традиционална воена парада по повод одбележувањето на 14 јули, Националниот празник на Република Франција, Денот на Бастилја. На настанот ќе присуствуваат бројни светски лидери.
-
Свет 14.07.2026 10:47
Киев и европските партнери почнаа нова програма за антибалистички ракети
Киев и европските партнери почнаа нова програма за антибалистички ракети наречена „Фреја“, насочена кон затворање на празнините во воздушната одбрана на Украина и зајакнување на способноста на Европа да се спротивстави на заканите од балистички ракети.
-
Македонија 14.07.2026 10:27
Државната ревизија утврди бројни неправилности во работењето на скопска „Комунална хигиена“ за 2024 година
ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се соочува со сериозни финансиски проблеми, застарен и нефункционален возен парк, спорни вработувања и слабости во управувањето со имотот, покажува ревизијата на работењето на претпријатието за 2024 година.
-
Македонија 14.07.2026 10:05
Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.










