Се запали дискотека за време на концерт во Кочани, има жртви и повредени. Голем број од повредените се хоспитализирани во градската болница „8 Септември“.
Известува Сунчица Николоска.
Се запали дискотека за време на концерт во Кочани, има жртви и повредени. Голем број од повредените се хоспитализирани во градската болница „8 Септември“.
Известува Сунчица Николоска.
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви.
Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.
Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА.
Голема трагедија во Кочани. Се запали дискотека за време концерт, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот.
Ноќта е најтемна пред зората, до исполнување на барањата – порака од студентите на протестот во Белград. Протест на 15-ти март за 15-те жртви во Нови Сад. Студентите рекоа дека нема повеќе да дозволат корупцијата да загрози нечиј живот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „несовесно работење во службата“.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во скопската општина Студеничани денеска започна реконструкцијата на 6,5 км долгиот локален пат Драчево – Мотел Китка, проект финансиран од првиот владин повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти.
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.