Цената на 450 грама бел леб се стабилизира на 30 денари. За добар дел од граѓаните лебот е скап, велат домашниот леб е поевтин и повкусен.
Според земјоделците, лебот не треба да е поскап од 20 денари, бидејќи цената на пченицата е ниска.
Цената на 450 грама бел леб се стабилизира на 30 денари. За добар дел од граѓаните лебот е скап, велат домашниот леб е поевтин и повкусен.
Според земјоделците, лебот не треба да е поскап од 20 денари, бидејќи цената на пченицата е ниска.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Илјадници демонстранти, главно студенти се собираат во Белград пред планираните масовни антивладини протести. Се очекува денешните протести да бидат најмасовните досега.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница
Министерот за здравство, Арбен Таравари, за време на својата официјална посета на Словачка, ја посети болницата „Бори“, најголема и најмодерна во оваа земја, каде што се запозна со најновите иновации во медицината, вклучувајќи и виртуелна медицина – револуционерна технологија која планира да ја в
Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.
Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство.
Вчера во 11.10 часот на ул. „Девеани“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К.(53) од с. Пештани, охридско, соопшти МВР.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување казна затвор од една година.
Здружението на инженери поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија со став за спречување на неправедните наплати во сметките за домаќинствата и елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка.
Кривичниот суд попладнево соопшти дека ја преиначил одлуката со која сопственикот на компанијата Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата, беше упатен во куќен притвор. Одлуката доаѓа по жалба на Обвинителството.