Никогаш да не дозволиме македонскиот јазик да биде замолкнат, да го чуваме со љубов, зборувајќи го гордо и пишувајќи го со почит, истакна министерот за култура Зоран Љутков на одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик.
Вести
-
Култура 20.02.2025 14:55
-
Македонија 20.02.2025 14:34
Повеќе грипозни споредено со лани, велат лекарите
Втора недела по ред се намалува бројот на новорегистрирани со грип, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Но лекарите велат во споредба со минатата година годинава имаме повеќе инфицирани.
-
Македонија 20.02.2025 14:33
Безусловна НАТО акредитација за Регионалниот центар за односи со јавноста во Министерството за одбрана
Регионалниот центар за односи со јавноста (PARC), во Министерството за одбрана вчера официјално се стекна со безусловна НАТО акредитација, со што стана единствениот НАТО акредитиран центар во државата, како и единствен акредитиран Центар специјализиран за обука од областа на односите со јавноста
-
Економија 20.02.2025 14:20
Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите
Сметководителите излегоа на протест пред Министерството за финансии. Се пожалија дека имале сериозни злоупотреби од консалтинг куќи кои им вршат задолжителни обуки.
-
Македонија 20.02.2025 14:02
Намалено аерозагадувањето во Струмица
Засилените инспекциски контроли во Струмица даваат резултат во намалувањето на аерозагаденоста.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кажа дека последниве две недели присуството на штетните ПМ честички во ова општина е намалено за 50 отсто.
-
Економија 20.02.2025 13:57
Минималната синдикална кошница во февруари достигна 63.773 денари
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79.148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
-
Македонија 20.02.2025 13:29
Се чека враборување на договорците на дело
Министерот за здравство Таравари денеска беше во прилепската болница, којашто изминатиов период се соочи со проблем со договорците на дело. Од Прилеп известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 20.02.2025 13:21
Јавна расправа за побезбеден сообраќај
По смртта на младата Фросина Кулакова, во Собранието попладнево се одржува јавна расправа за законските измени за поголема безбедност во сообраќај. Ова е второ продолжение на расправата.Миле А.Ристески известува од законодавниот дом. -
Македонија 20.02.2025 13:19
Опожарен стан во Кисела Вода, има повредени
Повредени станари, пожарникар и полицаец во пожарот што синоќа зафати зграда во скопска Кисела Вода. Еден стан е целосно изгорен, неколку беа зафатени од пламените јазици.
Известува Марина Стојанова-Тонева.
-
Економија 20.02.2025 13:17
Стапија во сила владините одлуки за цените
Почнуваат да важат владините одлуки за скалеста маржа на над илјада производи и за замрзнати цени на осумте најосновни. Надежите се дека ќе донесат поевтинување од околу 10 проценти, иако трговците негодуваа на ваквиот чекор на надлежните.










