Стопанската комора на трговци бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Според нив одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците.
Вести
-
Економија 13.02.2025 13:07
-
Македонија 13.02.2025 13:04
Филипче: Пакет мерки во интерес на граѓаните
Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети. Од партијата најавија седум предлог-мерки.
-
Македонија 13.02.2025 12:48
Македонското радио ќе се модернизира годинава
Комплетно опремување и реновирање на Македонското радио во текот на годинава, најави директорот на МРТ, Марјан Цветковски на Светскиот ден на радиото. По неколку децении, застарената техника ќе биде заменета со нова.
-
Свет 13.02.2025 12:31
Автомобил влета во толпа во Минхен, има повредени
Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во група луѓе, при што имало неколку повредени.
-
Македонија 13.02.2025 12:25
На собраниска седница ќе се гласа за кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми
Собранието денеска во 14 часот треба да ја продолжи 34-тата седница на која треба да се гласа за кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-
Македонија 13.02.2025 12:21
Бирото за јавна безбедност и Царинската управа спречија меѓународен канал за шверц на дрога, запленети 188,6 килограми марихуана
Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничен премин Богородица беа запленети 188,6 килограми марихуана и на тој начин е спречен меѓународен канал за шверц на дрога.
-
Свет 13.02.2025 12:13
Десетина повредени во експлозија во францускиот град Гренобл
Над 10 лица се повредени откако маж фрлил рачна граната во францускиот град Гренобл. Двајца се во тешка состојба. Напаѓачот избегал.
Според информациите, тој бил вооружен со автоматска пушка калашников. Според првичната проценка, штетата е предизвикана од експлозијата на граната.
-
Свет 13.02.2025 12:09
Ердоган во резиденцијата на пакистанскиот премиер Шариф
Турскиот претседател Таип Ердоган на средба со премиерот на Пакистан, Шехбас Шариф. Двајцата лидери ќе разговараат за низа прашања, меѓу кои и ја и ситуацијата во Газа.
Се очекува да потпишат неколку договори за зајакнување на трговските и економските врски меѓу народите.
-
Македонија 13.02.2025 12:04
Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната
Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.
-
Македонија 13.02.2025 11:37
Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, имаше средба со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман, кој е голем пријател и поддржувач на македонската заедница во Австралија.









