Продолжуваат битките на украинскиот фронт, но и нападите со беспилотни летала. Претседателот Зеленски изјави дека за брз крај на војната, неопходно е да се воведат целосни санкции кон Москва, но и да се обезбедат силни безбедносни гаранции за Киев.
Вести
-
Свет 10.02.2025 09:30
-
Свет 10.02.2025 09:14
Косовскиот премиер Курти, прогласи победа на парламентарните избори
Движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово. Според податоците на Централната изборна комисија, на второто место по бројот на освоени гласови е Демократската партија на Косово, а Демократскиот сојуз е трет.
-
Македонија 10.02.2025 09:04
Утрово најстудено во Берово
Минусни температури речиси низ целата држава беа измерени утрово. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени. После Берово, следува Крива Паланка и Маврово со -8. На Попова Шапка и Битола беа измерени -7 степени, -6 во Крушево, Скопје, Штип, Велес и Прилеп.
-
Македонија 10.02.2025 08:50
Денеска ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники
Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.
-
Свет 10.02.2025 08:34
Трамп не отстапува од идејата за преземање на Газа
Американскиот претседател останува посветен на планот да ја преземе сопственоста на Газа.
-
Македонија 10.02.2025 08:28
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 10.02.2025 08:28
Курти прогласи победа, но ќе мора да коалицира за да формира влада
Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои најмногу од гласовите на парламентарни избори во Косово. На второто место е Демократската партија на Косово, а Демократскиот сојуз на Косово е трет по освоени гласови.
-
Македонија 10.02.2025 08:18
Наутро студено, преку денот променливо облачно
Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-
Економија 10.02.2025 07:54
Запишување на нови земјоделски стопанства
Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми треба да се запишат и да се евидентираат во Регистарот на Министерството за земјоделство и Агенцијата за ветеринарство сè додека трае поднесувањето на апликациите за финансиска поддршка.
-
Свет 09.02.2025 18:07
Европската екстремна десница со критики до Брисел и пофалби до Трамп
Во Мадрид, собир на влијателниот блок во Европскиот парламент – „Патриоти за Европа“.










