Телешката кртина достигна цена од над илјада денари, јунешкото се продава од 700 до 800 денари. За најголем дел од граѓаните телешкото е луксуз кој не можат да си го дозволат. Ги прашавме кога последен пат купиле телешко месо.
Вести
-
Економија 08.02.2025 14:25
-
Македонија 08.02.2025 14:00
Зголемени цените на парцелите во руралните подрачја
По ковид- пандемијата значително се зголеми интересот за изградба на викендички во руралните подрачја. Во североистокот, во Старо Нагоричане во минатото можеше да се најдат парцели по две евра од метар квадратен. Денес цената изнесува и до десет евра.
-
Економија 08.02.2025 13:44
Зголемено домашно производство-намалени цени
Зголемување на домашното производство, поттикнување на локалните производители, загарантирани откупни цени, но и на продажните трошоци, се дел од предлозите за да се стопира дивеењето на цените и да се скрати синџирот на добавувачи, посредници, трговци.
-
Свет 08.02.2025 13:17
Хамас ги предаде тројцата израелски заложници
Хамас ги предаде тројцата израелски заложници на тимот на Црвениот крст. 52-годишниот Ели Шараби, 56-годишниот Охад Бен Ами и 34-годишниот Ор Леви по повеќе од 15 месеци се враќаат кај своите семејства.
-
Култура 08.02.2025 13:08
Неопходен е историски музеј за презентација на археолошкото богатство на Охрид
Илјадници археолошки предмети откриени во над двеста и педесетте археолошки наоѓалишта во Охрид и неговата околина се чуваат далеку од очите на јавноста, бидејќи нема каде да се изложат.
-
Свет 08.02.2025 12:31
Трамп очекува следната недела да се сретне со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп истакна и дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
-
Македонија 08.02.2025 11:55
Муртезани за МИА: На патот кон ЕУ за нас нема поголем пријател од Грција
Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за МИА од Атина, каде беше во дводневна посета на јужниот сосед и се сретна со грчката заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападополу
-
Македонија 08.02.2025 11:21
Приведен лихвар од Битола
Вчера во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
-
Свет 08.02.2025 10:47
Досега регистрирани 7.700 земјотреси во областа на Санторини
Прогласена вонредна состојба на Санторини до 3 март по зголемената сеизмичка активност. Според грчките медиуми, од 26 јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси во областа меѓу Санторини и островот Аморгос.
-
Свет 08.02.2025 10:08
Хамас денес ќе ослободи тројца заложници
Хамас ги објави имињата на тројца заложници кои денеска ќе бидат ослободени, со еден час задоцнување од крајниот рок во 16 часот.









