Вести

  • Македонија 03.02.2025 14:25

    ЦУК: Мечка гонела 15-годишно момче во Македонски Брод, детето не е повредено

    Мечка вчера следела и гонела 15-годишно момче во атарот на село Крапа во Општина Македонски Брод. Детето успеало да побегне, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото.

  • Македонија 03.02.2025 14:09

    Филков: Нема да дозволам неказнивост и недопирливост

    Министерот за правда Игор Филков на прес- конференција ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина.

  • Свет 03.02.2025 13:47

    Продолжуваат протестите во Србија

    Дијалогот меѓу владините претставници и универзитетските професори во Србија според најавите, би можел да започне неделава за да се утврди дали се целосно исполнети сите студентски барања.

  • Култура 03.02.2025 13:44

    Презентирани резултатите од годишните конкурси на Министерството за култура

    Министерството за култура ги објави резултатите до годинашниот конкурс за проекти во културата, ќе се финансираат со буџет тежок над 800 милиони денари.

    Александра Спировска ги има деталите.

  • Економија 03.02.2025 13:43

    Од полноќ поевтинуваат горивата

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

    Од полноќ горивата поевтинуваат за половина, денар или денар и половина.

  • Македонија 03.02.2025 13:37

    Опожарен автомобил на јавен обвинител

    Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.

  • Економија 03.02.2025 13:30

    Нов повик за бојкот на маркетите

    На социјалните мрежи нов повик за бојкот на дел од маркетите. Во петок на сите големи трговски ланци. Ќе се проширува ли оваа иницијатива.

    Известува Борис Грујоски.

  • Економија 03.02.2025 13:25

    Нова рунда преговори за зголемување на минималната плата

    Во Владата во тек е седницата на Економско-социјалниот совет. Синдикатите, работодавците и власта на маса, се очекува нова рунда преговори и за минималната плата. На дневен ред е и начинот на пресметка на синдикалната кошница.

  • Македонија 03.02.2025 13:23

    Ново рочиште за убиството на Вања и Панче

    Во Кривичниот суд во тек судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски. На денешното рочиште Обвинителството презентира видеоматеријали од безбедносните камери презентирани нови докази. 
     
  • Македонија 03.02.2025 13:21

    Десет лица уапсени за фалсификување пари

    Во заедничка акција со кодно име „Вардар“, спроведена од македонската и српската полиција, уапсени се 10 лица инволвирани во кривично дело „фалсификување евра“. Запленета е и опрема.

    Миле А. Ристески ги има деталите од Обвинителството и од МВР.

     

Pages