Продолжување на инвестицискиот циклус, зголемување на извозот и подобрување на стандардот на вработените ќе овозможи поволниот унгарски кредит кој има грејс период од три години и ниска каматна стапка од 1,95 проценти.
Вести
-
Економија 02.02.2025 13:39
-
Свет 02.02.2025 13:01
Нетанјаху во вторник во Вашингтон на средба со Трамп
Израелскиот премиер Нетанјаху во вторник во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Трамп. Состанокот доаѓа во време кога во Газа е во сила шестнеделно примирје, откако Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
-
Свет 02.02.2025 12:24
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносен ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во Суџа, во дел од Курскиот регион во Русија, што е под контрола на украинските сили.
-
Свет 02.02.2025 11:44
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД
Канадскиот премиер Џастин Трудо најави контрамерка на одлуката на Трамп за царини за Отава. Земјата ќе воведе тарифи од 25 насто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари.
-
Македонија 02.02.2025 11:02
Болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.
-
Македонија 02.02.2025 10:17
„Кој е следен?“ – Нов протест денеска на „Партизанска“ каде загина Фросина
Денеска во 17 часот на булеварот „Партизански одреди“, кај Универзална сала во Скопје, ќе се одржи протест во знак на револт за смртта на младата Фросина Кулакова.
-
Македонија 02.02.2025 09:57
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Намалена видливост до 100 м. поради појава на магла има кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово – Велес.
-
Свет 02.02.2025 09:33
Во понеделник почнуваат преговорите за новата фаза од прекинот на огнот во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ги започне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа кога ќе се сретне со пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во понеделник во Вашингтон, соопшти кабинетот на Нетанјаху доцна ноќта во саботат
-
Македонија 02.02.2025 08:37
Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
-
Свет 01.02.2025 19:05
Трамп со нов бран царини
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе агресивни царини од 25 насто за Мексико и Канада, како и 10 насто за Кина, како одмазда за, како што велат од Белата куќа „нелегалниот фентанил што тие го купиле и дозволиле да се дистрибуира во земјата“.










