Во радовишко е претседателот на Владата Мицкоски. Тврди дека цените во маркетите се коригирани. Дел од трговците ја научија лекцијата.
За идните чекори во економијата известува Ване Трајков.
Во радовишко е претседателот на Владата Мицкоски. Тврди дека цените во маркетите се коригирани. Дел од трговците ја научија лекцијата.
За идните чекори во економијата известува Ване Трајков.
Судскиот совет го избра наследникот на Весна Дамева. Едногласно членовите го изгласаа Александар Камбовски за претседател на телото. Претходно премиерот Мицкоски најави реформи во Судскиот совет.
Полицијата, нуркачи, но и дрон трагаат по уште едно лице откако беа најдени три тела, по вчерашната трагична несреќа кога автомобил излетал од патот Рашче-Сарај и паднал во реката Вардар. Се спаси детето кое паднало од возилото.
Европа има алтернативни извори за снабдување со енергенси, подготвена е за новонастанатата состојба по прекинувањето на дотур на руски природен гас низ Украина. Словачкиот премиер Фицо за разлика од колегите во Брисел е незадоволен од одлуката на Киев.
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен.
Битолскиот судија Александар Камбовски, со 13 гласа за, од 15 членови на Судскиот совет избран за нов претседател на советот откако Весна Дамева на крајот на минатата година поднесе оставка од функцијата.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во југозападна Бугарија, соопшти тамошниот Национален институт за геофизика, геодезија и географија.
Со минутен молк, свеќи и пораки во книгите на жалост, граѓаните на Црна Гора им оддаваат почит на 12-те жртви во масакрот во Цетиње. Меѓу сограѓаните, и ожалостените кои пред две години во истиот град во слично пукање ги загубија своите најмили.