Празничната еуфорија, предновогодишните забави во затворено и пазарувањето во трговските центри и маркети придонесоа за побрзо ширење на грипот. Забавите завршија, сега ординациите на матичните лекари полни.
Вести
-
Македонија 02.01.2025 15:48
-
Економија 02.01.2025 15:05
Расте плаќањето со платежни картички
Паричниците на граѓаните се сè полесни. Една од причините е што сè повеќе се плаќа со платежни картички наместо со банкноти. Граѓаните велат, со платежни картички е полесно, но сакаат да имаат и кеш.
Плаќањето со платежни картички најчесто се користи за плаќање сметки преку интернет.
-
Економија 02.01.2025 14:43
Опаднат интересот за зимување
Зимувањето станува луксуз. Граѓаните се жалат дека немаат пари, а туристичките агенции потврдуваат слаб интерес.
Како опција за бегство од загадениот воздух на граѓаните им се нудат ски центри и планините. Но, интересот за зимскиот туризам опаѓа.
-
Македонија 02.01.2025 14:33
„Анима мунди“ бара разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“, застрелал мечка
Здружението „Анима мунди“ бара заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго да биде разрешен од функцијата. Како причина за ова, презентираше негова фотографира на која позира со мечка како трофеј.
-
Македонија 02.01.2025 13:28
Приватните специјализанти ги чекаат конкурсите
Месецов се очекуваат конкурсите за здравството. Министерството за здравство доби согласност од Финансии за над илјада вработувања. Оптимизам и кај специјализантите.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува.
-
Економија 02.01.2025 13:27
Казни и до 20 илјади евра за нефер трговците
Во новата година почна примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики. Предвидени се глоби и до 20 илјади евра. Треба да се ограничат и дополнителните трошоци. Известува Викторија Милевска.
-
Македонија 02.01.2025 13:24
Над 220 случаи со грип за една недела
Грипот коси. Во последната недела на изминатата година пријавени над 220 случаи, за речиси 60 проценти повеќе споредено со претходната седмица.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 02.01.2025 13:16
Утре ќе се избира наследникот на Весна Дамева
Судскиот совет утре добива нов претседател. Изборот на наследникот на Весна Дамева доаѓа во време кога премиерот Мицкоски ги повика членовите да поднесат оставки поради ниската доверба што ја уживаат, во спротивно најави и разрешувања на оние кои се избрани во Собранието.
-
Свет 02.01.2025 11:47
Најмалку 10 лица повредени во пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк
Најмалку десетмина се повредени синоќа во Квинс, Њујорк, откако четворочлена група стрелала во редицата посетители пред преполниот ноќен клуб „Амазура“.
-
Македонија 02.01.2025 11:31
Пролонгирани два лета на Скопскиот аеродром
Авиолинијата Скопје- Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.










