Вести

  • Македонија 30.12.2024 11:28

    ЈСП: Јавниот превоз на 1 јануари по неделен возен ред

    Во среда, 1 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

  • Македонија 30.12.2024 11:27

    Предложени притворски и други мерки за осомничени за криумчарење луксузни автомобили

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четири лица, како и предлог за мерки за претпазливост за едно лице осомничени дека учествувале во дејствија криумча

  • Македонија 30.12.2024 11:19

    ДКСК ја усвои годишната програма за работа

    Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ја усвои годишната програма за работа.

    На 13-тата седница ДКСК ги усвои и годишните планови за следење на имотната состојба и судирот на интереси и за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата.

  • Македонија 30.12.2024 11:06

    Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

    Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

  • Свет 30.12.2024 10:18

    Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

    Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови

  • Македонија 30.12.2024 10:03

    Санкционирани 142 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

    ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ПОЦ.

  • Свет 30.12.2024 09:42

    Во Газа продолжуваат битките

    Во Газа продолжуваат битките. Израелската војска објави снимка во која тврди дека ја прикажува евакуацијата на палестинските цивили од една од последните функционални болници во северниот дел.

  • Свет 30.12.2024 09:21

    Претседателски избори во Хрватска

    Зоран Милановиќ и Драган Приморац ќе ги одмерат силите во вториот круг од изборите за претседател на Хрватска на 12 јануари. Кандидатот на СДП и партнерите, Милановиќ во првиот круг освои 49 проценти од гласовите. Малку му недостасуваше да биде целосен победник.

  • Македонија 30.12.2024 09:16

    Кривична против 12 македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела

    На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје-ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби о

  • Свет 30.12.2024 08:59

    Земјотрес од 5,5 степени на Филипините

    Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Лузон на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

    Според соопштението, земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри.

Pages