Најмалку 124 лица загинаа откако патнички авион се урна при слетување на аеродром во Јужна Кореја. Авионот се излизгал од пистата и се удрил во бетонска ограда, по што се запалил.
Вести
-
Свет 29.12.2024 09:18
-
Македонија 29.12.2024 08:45
Студено со услови за магла по одделни котлини
Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
-
Македонија 28.12.2024 20:13
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими министерот за правда, Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.
Двајцата соговорници разговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
-
Македонија 28.12.2024 20:00
ОЈО: Дрвокрадци во велешко се заканиле и нападнале шумски полицајци
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Свет 28.12.2024 19:27
Во САД освоена вртоглава добивка на лотарија
Жител на Калифорнија освои над 1 милијарда долари на лотарија. Добитниот тикет со шест добитни броеви е продаден во округот Шаста, Калифорнија.
-
Македонија 28.12.2024 19:11
Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, Кривичен му го одзеде пасошот
Екс-директорот на слободните зони, Јован Деспотовски остана без пасош. Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост во постапката што против него ја повеле Обвинителството и финансиската полиција поради сомнеж за злоупотреба на службената положба.
-
Свет 28.12.2024 18:46
Голем протест за новогодишната вечер најавија студентите од белградските факултети
„Тогаш кога целиот свет слави, мора да покажеме дека во Србија нема причина за славење, не пред правдата“, порачаа студентите на белградските факултети што ги организираат протестите на својата Инстаграм страница и повикаа на протест во пресрет на Новата година.
-
Економија 28.12.2024 18:20
На пазарот на труд недостиг на квалификувани работници
Недостигот од работна рака поради иселувањето останува како проблем за стопанството не само во прилепско-пелагонискиот регион. Пазарот на трудот мака мачи со ниската понуда, а големата побарувачка на работна сила.
-
Македонија 28.12.2024 17:54
Во кумановската болницата недостасуваат специјалисти, но и сестри
Специјалисти од речиси сите профили, но најмногу анестезиолози, рендгенолози, ортопеди, уролог и инфективни болести, недостасуваат во кумановската болница. Најмладиот анестезиолог има 60 години, а највозрасниот 66 години.
-
Македонија 28.12.2024 17:23
Јован Деспотовски: Сите наводи за мое наводно приведување се неточни
Поранешниот директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, попладнево ги демантира објавите дека е приведен.
„Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.










