„Заштита од корупција: Перспективи и решенија на локално ниво“ е насловена конференцијата што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации.
Вести
-
Македонија 17.12.2024 08:34
-
Свет 17.12.2024 08:34
15-годишната Натали Рупноу е напаѓачот од Медисон
Властите на Висконсин ја идентификуваа 15-годишната тинејџерка како Натали Рупноу која усмрти две лица во христијанско училиште во Медисон. Според информациите на полицијата, таа отворила оган во студиската сала, убивајќи наставник и соученик и ранувајќи уште шест лица пред да се самоубие.
-
Свет 17.12.2024 08:34
Борби наспроти мировни напори
Интензивните борби во Украина продолжуваат. Руските сили се обидуваат да го заземат Курахов во Доњецката област. Жестоко и на фронтот во Курск. Најмалку 30 севернокорејски војници се убиени-тврди Киев. Зеленски вели дека догодина мора да завладее сигурен мир.
-
Свет 17.12.2024 08:34
Први јавни коментари на соборениот лидер Асад
Први јавни коментари на соборениот сириски лидер Асад објавени на социјалните мрежи. Тврди дека немал намера да ја напушти земјата и планирал да продолжи со борба откако во координација со руските сојузници бил префрлен во базата во Латакија.
-
Македонија 17.12.2024 08:27
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 17.12.2024 08:23
Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило
Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило, ќе биде потпишан денеска во 13 часот во Кино Кисела Вода, во истоимената скопска општина.
-
Економија 17.12.2024 08:18
Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум
Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, денеска во Скопје ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на
-
Македонија 17.12.2024 07:59
Наутро студено, преку денот сончево
Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
-
Економија 17.12.2024 07:56
Дополнителни пари за житните култури
Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион а производство го продале на други, сочувале за сопствениот преработувачки капацитети, или родот го продале или складирале кај регистриран откупувач.
-
Македонија 16.12.2024 21:14
Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.










