Први јавни коментари на соборениот сириски лидер Асад објавени на социјалните мрежи. Тврди дека немал намера да ја напушти земјата и планирал да продолжи со борба откако во координација со руските сојузници бил префрлен во базата во Латакија.
Вести
-
Свет 17.12.2024 08:34
-
Македонија 17.12.2024 08:27
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 17.12.2024 08:23
Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило
Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило, ќе биде потпишан денеска во 13 часот во Кино Кисела Вода, во истоимената скопска општина.
-
Економија 17.12.2024 08:18
Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум
Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, денеска во Скопје ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на
-
Македонија 17.12.2024 07:59
Наутро студено, преку денот сончево
Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
-
Економија 17.12.2024 07:56
Дополнителни пари за житните култури
Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион а производство го продале на други, сочувале за сопствениот преработувачки капацитети, или родот го продале или складирале кај регистриран откупувач.
-
Македонија 16.12.2024 21:14
Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.
-
Македонија 16.12.2024 21:09
Земјотрес во делчевско-беровскиот регион
Земјотрес со јачина од 2,9 степени беше регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути.
Епицентарот на земјотресот е во делчевско-беровскиот регион.
-
Македонија 16.12.2024 20:55
Уапсени осомничени терористи и криминалци
Разбиена е терористичка ќелија. Приведени се четворица, тројца од Гостивар и еден од Струга. Сите со идеолошка матрица на ИСИС – информираше министерот за внатрешни работи, Тошковски. Планирале терористички напади на цивилни цели и јавни објекти во Македонија, но и пошироко.
-
Македонија 16.12.2024 20:45
ОЈО: Детали од истражната постапка за проневера во „Државна лотарија“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик.










