Денеска ќе биде означен стартот на реализацијата на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија, со што се отвора нова фаза во енергетското поврзување на двете земји.
Вести
-
Економија 27.08.2026 09:49
-
Македонија 27.08.2026 09:32
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 27.08.2026 08:59
Поплавата во Непал однесе над 160 животи, стотици исчезнати
Повеќе од 160 луѓе загинаа во Непал, а стотици туристи се водат како исчезнати по огромните поплави и свлечишта. Според официјалните лица, повеќе од 100 исчезнати туристи се од Индија, 54 од САД, 34 од Австралија и 33 од Велика Британија. Операциите за пребарување се во тек.
-
Македонија 27.08.2026 08:51
Продолжува борбата со пожарите на неколку локации
Според Центарот за управување со кризи на територијата на Македонија во изминатово деноноќие регистрирани се 19 пожари. Од нив 5 се активни, 3 се под контрола и 11 се изгаснати.
-
Македонија 27.08.2026 08:36
Денеска седници на повеќе собраниски комисии
Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области.
Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 27.08.2026 08:19
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Култура 27.08.2026 07:43
Петре Арсовски добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година
Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија.
-
Култура 26.08.2026 20:50
„Хоризонт на светлината“ – самостојна изложба на Марк Јанура во КИЦ
Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар во Скопје отворена е самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура.
-
Свет 26.08.2026 20:27
Украински сили пријавија нови напади длабоко во Русија, Ратклиф тајно во Москва
Украинските сили пријавија нови напади длабоко на руска територија, овојпат врз логистички центар во Тамбовската област. Експлозии и пожари се пријавени и во окупираните Луганск и Крим.
Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.
-
Свет 26.08.2026 19:43
Отворена истрага по пожарот во болница во Исламабад
Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Спасено е само едно бебе од државната болница. Според властите, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер.










