Сите кандидати кои успешно ги поминале селекциите и проверките ќе бидат примени во повторно воспоставеното Средно полициско училиште, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Вести
-
Македонија 26.08.2026 16:22
-
Македонија 26.08.2026 16:09
Прв случај на западнонилска треска детектиран и во Куманово
Расте бројот на заболени од западнонилска треска во земјава. Шест нови случаи регистрирани во еден ден. Детектиран и првиот заболен во Куманово. Вкупната бројка се искачи на 50 пациенти. Дополнително сомнителни на болеста се три лица.
-
Свет 26.08.2026 15:48
Пожар во акушерско одделение во Исламабад, 14 бебиња загинаа
Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Спасено е само едно бебе од државната болница. Според властите, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер.
-
Македонија 26.08.2026 15:17
Исени: Заштитата на децата во дигиталната средина е заедничка одговорност
Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се обрати на промоцијата на истражувачкиот извештај „Спречување на штетата во Северна Македонија“, изработен од УНИЦЕФ, посветен на ризиците со кои се соочуваат децата во дигиталниот простор и унапредувањето на механизмите за нивна зашти
-
Македонија 26.08.2026 14:52
Зелено светло за работата на ДКСК за 2025 година
Антикорупционерите добија зелено светло од Собранието за сработеното во 2025-та година. Но, не изостана критика од опозицијата за површност и без суштински сондажи дали некој закон е легло за корупција, што да се менува.
-
Македонија 26.08.2026 14:31
Сали: Работиме напорно за исполнување на критериумите
Македонија работи на реформската агенда до 2028-та, критериумите за членство во Европската унија, сè уште не се дефинирани, вели вицепремиерот за европски прашања.
-
Македонија 26.08.2026 14:04
Водно доби нов моторички парк – од паднатите дрвја создадена нова вредност за граѓаните
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.
-
Македонија 26.08.2026 13:48
Претрес во струмичко: Пронајдена марихуана и канабис, приведени две лица
На 25 август во 17 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско.
При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и стебло од растението канабис.
-
Економија 26.08.2026 13:21
Домашното производство покри 94,7% од потребите за струја во јули
Домашното производство на електрична енергија во јули достигна 460,8 гигават-часови, со што се покриени 94,7 отсто од вкупните потреби во земјава, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
-
Македонија 26.08.2026 13:08
Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“
Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за екс-премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот „Талир 2“. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ си го враќа имотот на партиското седиште, вреден 14 милиони евра, како и имот во вредност од околу два милиони евра, кој со години беше замрзнат.










