Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, ќе се обрати на панел-дискусијата „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“, која се одржува во рамки на климатскиот самит КОП29 во Баку, Азербејџан.
Вести
-
Македонија 12.11.2024 09:18
-
Свет 12.11.2024 09:12
Продолжуваат нападите од Либан кон Израел
Продолжуваат нападите од Либан кон Израел, воздушната одбрана успешно ги пресретнала проектилите на Хезболах. Битки и во Појасот Газа, тензии на Западниот Брег. Израелската армија спроведе рации и апсења во неколку области.
-
Култура 12.11.2024 09:06
Премиера на „Снег“ во режија на Зоја Бузалковска во МКЦ
Денеска и утре од 20 часот, во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) премиерно ќе се изведе претставата „Снег“, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на независниот театар „Штрих“.
-
Економија 12.11.2024 08:46
Конференција за е-трговија со повеќе од 700 странски и домашни гости
Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, денеска во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија.
-
Свет 12.11.2024 08:39
Протести во Белград поради несреќата во Нови Сад
Синоќа во Белград протести пред Владата, поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад. Побарани оставки на премиерот Милош Вучевиќ и на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
-
Македонија 12.11.2024 08:38
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
Поради уличен дефект, без вода денеска од 07:45 часот се дел од корисниците на улица „Финска“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.
-
Македонија 12.11.2024 08:31
Министерот Муцунски домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ , Јан Борг
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и трговија на Малта, Јан Борг.
-
Свет 12.11.2024 08:31
ЕУ ја потврди поддршката за Киев
Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот, предложена од Русија. Коавтори на документот се десетици земји, меѓу кои Ерменија, Белорусија, Кина, Мали, Северна Кореја, Србија и Јужна Африка.
-
Свет 12.11.2024 08:28
Немири на улиците во Амстердам
Холандската полиција синоќа ја растера толпата од улиците на Амстердам откако беше запален трамвај. Власите соопштија дека не е јасно кој ги почнал немирите. Уапсени се неколку лица. Главниот град се соочува со тензии по насилството изминатата недела.
-
Свет 12.11.2024 08:25
Израел да се повлече од опупираните територии, повикаа арапските лидери
Лидерите од Арапскиот самит повикаа на притисок за замрзнување на членството на Израел во Обединетите нации, поради тековната војна во регионот на Блискиот Исток.










