Премиерот Мицкоски неделава треба да се сретне со членовите на банкарската асоцијација. Очекува да се најде заеднички јазик со банките за каматите на кредитите од унгарскиот кредит, да бидат прифатливи за компаниите.
Вести
-
Економија 11.11.2024 13:41
-
Македонија 11.11.2024 13:35
Катастар со нов портал „е-услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нов интернет-портал за корисниците. Се дигитализираат речиси 100 продукти кои ќе им бидат достапни на граѓаните и на мобилните телефони, пред неколку месеци се намалија и цените на услугите.
Известува Викторија Милевска.
-
Македонија 11.11.2024 13:33
Владата да достави акционен план за работа
Комисијата за следење на соодветна правична застапеност на граѓаните на сите заедници не е замена на балансерот, уверуваат од Aлијанса за албанците. На денешната седница на Владата и е даден рок од 30-на дена да достави акционен план за работа. -
Македонија 11.11.2024 13:28
Се чека извештајот на ДСЗИ
По смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот, денеска се очекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат да го испорача извештајот на вонредниот надзор на Клиниката за детски болести.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
-
Македонија 11.11.2024 13:22
Куманово загадено, но прослави со огномет
Куманово е еден од градовите со големо аерозагадување. Непријатен чад и миризба во вечерните часови, но и покачени параметри на мерните станици. Сепак, градот синоќа со огномет го прослави ослободувањето. Екологистите со забелешки, недостигаат едукативни кампањи.
-
Македонија 11.11.2024 13:14
Аерозагадување во училиштата и градинките
Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. Според истражувањето над 3.400 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето. Воздухот во затворени простории е уште поопасен, на удар се и децата од градинките и од училиштата.
-
Економија 11.11.2024 13:04
Од полноќ поскапува бензинот
Од полноќ нови цени на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
-
Македонија 11.11.2024 13:00
Сиљановска Давкова на КОП29: Од суштинско значење е обезбедувањето финансии за имплементација на климатските цели
Претседателката Сиљановска Давкова денеска во Баку присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.
-
Македонија 11.11.2024 12:54
Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари
Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го оспори вчерашното одржување на вонредниот конгрес на партијата на чело со Арбен Таравари. Според нив станува збор за срамна фарса со цел да се манипулира со јавноста.
-
Македонија 11.11.2024 12:35
Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (11 ноември) на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армиј










