Вести

  • Свет 10.11.2024 13:47

    Бајден в среда домаќин на Трамп

    Актуелниот американски претседател Џо Бајден в среда ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на традиционалниот постизборен состанок во овалната соба во Белата куќа.

  • Свет 10.11.2024 13:33

    Големи протести во Валенсија

    „Ние сме извалкани со кал, вие со крв!“ – десетици илјади гневни граѓани на протест во Валенсија по поплавите кои зедоа стотици жртви, гневни поради лошиот одговор на власта. Бараат одговорност и оставки од регионалниот лидер, Мазон и премиерот Санчез.

  • Свет 10.11.2024 13:20

    Украина лансираше беспилотни летала кон Москва

    Трамп преку свои советници упатува пораки дека Европа не направила ништо кога Русија го анектираше Крим, а сега дава задоцнета поддршка за Украина. За Вашингтон нема да биде приоритет Украина да ги зачува сите територии, туку ставање крај на војната.

  • Македонија 10.11.2024 12:50

    Средношколците од источниот регион иднината ја гледаат или во странство или во Скопје

    Според Интернационалната организација за миграција, Македонија е меѓу првите дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство. Бројот на Македонци надвор од државата се проценува на најмалку 700.000.

  • Македонија 10.11.2024 11:38

    За ХПВ вакцината повеќе заинтересирани момчињата

    Од мај годинава со деветвалентната вакцина против хуман-папилома вирус почнаа да се имунизираат и момчињата. Од здравствениот дом во Куманово задоволни од интересот. Велат изненадувачки, поголем е бројот на заинтересирани момчиња, за разлика од девојчињата на возраст од 12 до 19 години.

  • Свет 10.11.2024 10:32

    Непријателствата и нападите земаат замав на Блискиот Исток

    Мирот на Блискиот Исток се понеизвесен откако посредникот Катар реши да се повлече од преговорите за примирје. Непријателствата и нападите земаат замав. Американската и британската војска ги гаѓаа позициите на Хутите низ Јемен, Израел напаѓа во Газа и Либан. Црниот биланс расте.

  • Македонија 10.11.2024 09:16

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

    Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

  • Македонија 10.11.2024 09:11

    Скопје меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост

    Проблем со загаден воздух има во повеќе градови низ Македонија, но Скопје е на прво место.

    За жал, главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови со висока токсичност на воздухот.

  • Македонија 10.11.2024 09:05

    Променливо облачно и постудено со сончеви периоди

    Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 Целзиусови степени.

  • Македонија 09.11.2024 19:02

    Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип

    Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе.

Pages