Дрогата, алкохолот, никотинот и коцката како болести на зависности се во постојан пораст на глобално ниво. Според надлежните во Обединетите нации во светот има 200 милиони зависници од психоактивни супстанции.
Вести
-
Македонија 10.11.2024 15:41
-
Македонија 10.11.2024 14:42
Скопје е петти најзагаден град во светот
Загадениот воздух ги избрка скопјани на Водно. Градот изутрината се разбуди во смог и како 5-ти најзагаден во светот. Ни домашните мерни станици не се пооптимистички, покажуваат високо ниво на аерозагадување.
-
Свет 10.11.2024 13:47
Бајден в среда домаќин на Трамп
Актуелниот американски претседател Џо Бајден в среда ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на традиционалниот постизборен состанок во овалната соба во Белата куќа.
-
Свет 10.11.2024 13:33
Големи протести во Валенсија
„Ние сме извалкани со кал, вие со крв!“ – десетици илјади гневни граѓани на протест во Валенсија по поплавите кои зедоа стотици жртви, гневни поради лошиот одговор на власта. Бараат одговорност и оставки од регионалниот лидер, Мазон и премиерот Санчез.
-
Свет 10.11.2024 13:20
Украина лансираше беспилотни летала кон Москва
Трамп преку свои советници упатува пораки дека Европа не направила ништо кога Русија го анектираше Крим, а сега дава задоцнета поддршка за Украина. За Вашингтон нема да биде приоритет Украина да ги зачува сите територии, туку ставање крај на војната.
-
Македонија 10.11.2024 12:50
Средношколците од источниот регион иднината ја гледаат или во странство или во Скопје
Според Интернационалната организација за миграција, Македонија е меѓу првите дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство. Бројот на Македонци надвор од државата се проценува на најмалку 700.000.
-
Македонија 10.11.2024 11:38
За ХПВ вакцината повеќе заинтересирани момчињата
Од мај годинава со деветвалентната вакцина против хуман-папилома вирус почнаа да се имунизираат и момчињата. Од здравствениот дом во Куманово задоволни од интересот. Велат изненадувачки, поголем е бројот на заинтересирани момчиња, за разлика од девојчињата на возраст од 12 до 19 години.
-
Свет 10.11.2024 10:32
Непријателствата и нападите земаат замав на Блискиот Исток
Мирот на Блискиот Исток се понеизвесен откако посредникот Катар реши да се повлече од преговорите за примирје. Непријателствата и нападите земаат замав. Американската и британската војска ги гаѓаа позициите на Хутите низ Јемен, Израел напаѓа во Газа и Либан. Црниот биланс расте.
-
Македонија 10.11.2024 09:16
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Македонија 10.11.2024 09:11
Скопје меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост
Проблем со загаден воздух има во повеќе градови низ Македонија, но Скопје е на прво место.
За жал, главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови со висока токсичност на воздухот.










