Народната банка денеска ќе ги презентира есенските макроекономски проекции. На прес-конференцијата најавено е присуство на раководството на централната банка.
Вести
-
Економија 07.11.2024 09:37
-
Македонија 07.11.2024 09:27
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го изложија државниот буџет на дополнителни трошоци и ја ставија на ризик довербата во институциите
Изминатите седум години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи.
-
Македонија 07.11.2024 09:23
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата.
-
Македонија 07.11.2024 08:44
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Култура 07.11.2024 08:37
Изложба „Вечнеење“ на Никола Пијанманов во КИЦ
Денеска во Младинскиот културен центар во Скопје на авторот Никола Пијанманов ќе биде отворена изложбата „Вечнеење“ во салите Империјал 1 и 2.
-
Економија 07.11.2024 08:35
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими. На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
-
Македонија 07.11.2024 08:30
Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на работната посета на Брисел, денеска ќе учествува на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.
-
Култура 07.11.2024 08:25
Концерт „Моцартовите перипетии“ во Македонска филхармонија
„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија.
-
Македонија 07.11.2024 08:25
Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.
-
Македонија 07.11.2024 08:25
Конференција на тема „Поттикнување на општествената вредност преку здравствена заштита“
Третата конференција за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамките на Американската стопанска комора во Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.










