Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца.
Вести
-
Македонија 07.11.2024 08:23
-
Свет 07.11.2024 08:20
Германскиот канцелар Шолц го разреши министерот за финансии
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии и лидерот на германските либерали Кристијан Линднер, со што владејачката трипартиска коалиција остана без мнозинство во Бундестагот.
-
Македонија 07.11.2024 08:19
Во Уставен иницијатива за барање за измена на патни исправи
Пред Уставниот суд иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ со која се оспорува членот 3 од Законот за патни исправи.
-
Македонија 07.11.2024 08:17
Во Собранието седница на три комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат три комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
-
Македонија 07.11.2024 08:12
Регистриран слаб земјотрес во близина на Скопје
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
-
Македонија 07.11.2024 08:09
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец.
-
Култура 07.11.2024 08:07
Министерот Љутков во работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска во рамките на агендата за посета на институциите од областа на културата, ќе оствари работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.
-
Економија 07.11.2024 08:04
Почнува процесот на окрупнување на нивите во село Чифлик
Мнозинството земјоделци од село Чифлик, општина Чешиново – Облешево го усвоила планот за распределба на земјиштето. Консолидацијата е дел од проектот на европскиот ИПА фонд и ФАО, со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, за окрупнување на повеќе од 1.200 на само 450 земјоделски парцели.
-
Свет 07.11.2024 08:03
Камала Харис го призна поразот
Камала Харис го призна поразот на претседателските избори во САД и му ја честиташе победата на новиот челник на Белата куќа, Трамп. Никогаш нема да се откажам од борбата за слобода и правда-им порача демократката на своите поддржувачи, повикувајќи ги мирно да ги прифатат изборните резултати.
-
Македонија 06.11.2024 21:43
Приведени рибокрадци во Охрид, следува соодветна пријава
Денеска околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.










