Повисоки плати во образованието од овој месец, најави премиерот Мицкоски. Додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти.
Вести
-
Македонија 06.11.2024 14:00
-
Македонија 06.11.2024 13:30
Министерот Перински во работна посета на Словенија
Работна посета на министерот за локална самоуправа Златко Перински на Словенија. Со неговиот домаќин Александар Јевшек разговарале за европските фондови, кои се значајни за регионалниот развој.
-
Култура 06.11.2024 13:27
Одбележување на јубилејот 80 години Народен театар Битола со повеќе гостувачки претстави
Големиот јубилеј – 80 години од постоењето, НУ Народен театар меѓу другото ќе го одбележи со гостувања на повеќе театри на неговата сцена. По повод овој јубилеј во Битола ќе настапат Македонскиот народен театар, Драмскиот театар од Скопје и велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот.
-
Македонија 06.11.2024 13:18
Спасеновски: Поголема соработка со САД
Македонија е во видното поле на новата американска администрација, конекциите што ги има Владата со најблиските соработници на Трамп несомнено ќе придонесат за унапредување и развивање на стратешкото партнерство, вели професорот Александар Спасеновски. -
Македонија 06.11.2024 13:09
Голем пожар во безистенот во центарот на Струга, нема повредени
Се запали Безистенот во струшката чаршија. Претпладнево огнот избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани.
-
Свет 06.11.2024 12:54
Идентификувани 12 лица, осум приведени, опозицијата негира вмешаност во немирите во Нови Сад
По граѓанскиот протест во Нови Сад на неколку дестици илјади лица, синоќа пред седиштата на СНС и Градското собрание имаше нереди во кои маскирани лица фрлаа камења, црвена боја, факели и петарди, ги демолираа прозорците и вратите на Градското собрание, обидувајќи се насилно да влезат во зградата
-
Македонија 06.11.2024 12:53
Сè уште се проверува случајот со починатото бебе од Струмица
Сè уште непознато дали и каде е направен евентуален пропуст при третманот на бебето од Струмица кое пред неколку дена почина од сепса на Детската клиника.
-
Македонија 06.11.2024 12:48
Невладините бараат повеќе пари за ХИВ-програмата
Бројот на ХИВ-инфицирани се зголемува, буџетот за лекови и превенција се намалува. За идната година предвидени се 90 милиони денари, 10 милиони помалку од годинава – велат од Здружението „Заедно посилни“ .
-
Македонија 06.11.2024 12:46
Ефикасен правосуден систем, клучен фактор за владеење на правото
Извршната власт не може сама да постигне реформи во правосудството. Клучната улога ја има секој јавен обвинител, нивниот дигнитет и професионалност, рече министерот за правда Филков на Националната конвенција на Европската унија во земјава.
-
Македонија 06.11.2024 12:22
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност.
По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, соопшти УХМР.








