Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Аеродром.
На настанот ќе присуствува и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Аеродром.
На настанот ќе присуствува и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.
Времето наутро ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини, апреку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Министерот за правда Игор Филков беше во работна посета на КПД Струга кој е од отворен вид при што од страна на директорот на затворот, Ардит Мустафаи беше запознат со условите, капацитетите, човечките ресурси и можностите за ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица.
Царинската управа и Централниот регистар ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки.
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска учествуваа на работен состанок со членовите на Балканскиот форум на уставни судови.
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 7 километри источно од градот Фиер.
Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации одржа средба со повеќе невладини организации.
Во Бугарија во недела се одржуваат седмите по ред вонредни избори во последните три години. Аналитичарите очекуваат дека измореноста и обесхрабреност на гласачите ќе резултираат со ниска излезност и со раситнат парламент, во којшто ќе доминираат проруските партии и крајната десница.
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на локалните самоуправи, со оглед на тоа дека тие се првиот контакт помеѓу власта и граѓаните.