Жителите во руралните средини и малите општини нема да останат без матичен лекар, уверува директорот на Фондот за здравство. Осум лекари во Источна Македонија ќе ги затворат ординациите бидејќи не можат да најдат медицинска сестра во рок од 60 дена, како што ги обврзува договорот со Фондот.
Вести
-
Македонија 28.10.2024 17:30
-
Македонија 28.10.2024 17:20
Блокиран патот кон депонијата во Кочани
Жители на Кочани од изутрина го блокираа патот кон депонијата во Кочани, незадоволни од нерешавањето на проблемот кој со години го мачи регионот. Депонијата често се пали, а чадот се чувствува и во градот и во кочанската долина. Најпогодени се жителите на село Бели.
-
Македонија 28.10.2024 17:08
Под мотото „Твојата свест е најважниот филтер“ започнаа Деновите на медиумска писменост
Дезинформациите, слободата на изразување, говорот на омраза. 22 разновидни настана кои треба да ги информираат граѓаните како да разликуваат лажна вест од вистина, во ера на вештачка интелигенција – е главната цел на деновите на медиумска писменост.
-
Македонија 28.10.2024 16:58
ЗЕЛС ќе посредува за проблемите меѓу власта и општините
Интересите на граѓаните да се стават над интересите на партиите-порача претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски по најавите за повлекување на градоначалниците на Струмица и Карпош.
-
Економија 28.10.2024 16:52
„Бехтел и Енка“ ја стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани
Почнува изградба на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево, најтешката траса од Коридорот 8. Тоа значи дека преку оваа делница од Скопје до Охрид и Струга ќе се патува за околу час и половина.
-
Македонија 28.10.2024 16:39
„Итно копче“ за болните,изнемоштените и лицата со посебни потреби
Само со едно стискање на копчето кое и е на раката, Ленче се поврзува со службата што и е на располагање во секое време, и дење и ноќе.
-
Економија 28.10.2024 16:31
Мал е интересот за приклучување на гасот во Струмица иако има субвенции
Струмица повеќе од десет години има гасификација. Речиси една половина од градот е покриен со дистрибутивна гасоводна мрежа. Гасоводни краци пуштени и до индустриските зони во периферијата на градот, но само 420 домаќинства, фирми и институции се приклучени на мрежата.
-
Македонија 28.10.2024 16:08
МВР: Претрес во Виница, пронајдена дрога
Вчера во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница.
-
Свет 28.10.2024 15:35
Убиен австриски градоначалник, напаѓачот во бегство
Австриски градоначалник на општина Кирхберг
-
Македонија 28.10.2024 14:57
Разногласие за Законот за правична застапеност
Додека Али Ахмети негодува за укинувањето на балансерот, во владејачката коалиција разногласие дали се подготвува нов Закон за правична застапеност или сè уште е во фаза на размислување. Министерот за јавна администрација Минчев дециден дека не видел никаква драфт-верзија.










