Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“.
Вести
-
Економија 10.10.2024 08:28
-
Македонија 10.10.2024 08:23
Средба Тошковски- Дачиќ во Куманово
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе биде домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.
Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.
-
Свет 10.10.2024 08:20
Битки на фронтот, жртви во напад врз Одеса
Пет лица загинаа, а девет се повредени во ракетен напад на пристаниште во областа Одеса. Москва соопшти дека руските војници ја вратиле контролата врз уште две населени места во областа Курск.
-
Економија 10.10.2024 08:18
Седница на Економско-социјалниот совет
Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада.
-
Свет 10.10.2024 08:15
Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа
Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа. Милитантните групи поддржани од Иран, возвраќаат. Израелскиот одговор врз Техеран на неодамнешниот ракетен напад би бил смртоносен и изненадувачки, вели министерот за одбрана Галант.
-
Македонија 10.10.2024 08:11
Седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за именување нов директор
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска треба да именува нов директор на Академијата. Именувањето на нов директор е втора точка на дневниот ред на 221.
Седница на Управниот одбор на Академијата закажана за денеска во 15 часот.
-
Свет 10.10.2024 08:08
„Милтон“ ја зафати Флорида, се закануваат опасни поплави
Ураганот „Милтон“ ја зафати Флорида и донесе силен ветер и дожд, се закануваат опасни поплави. Иако ураганот ослабна на категорија 3, сепак за граѓаните постои голема опасност. Според Националниот центар за урагани на заливот Тампа забележани се удари на ветер од 161 километар на час.
-
Македонија 10.10.2024 07:53
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 10.10.2024 07:50
Земјоделците и трговците можат да ги брендираат своите производи
Привршува повикот за техничка поддршка за брендирање на производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ. Корисници на средствата се земјоделци или група на оператори со храна.
-
Македонија 10.10.2024 07:47
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.









