Вести
-
Македонија 09.10.2024 16:02
Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19
Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19. Пристигнаа 11.520 дози вакцини против ковид-19. -
Македонија 09.10.2024 15:15
Прилепската болница со долгови, ама нема проблем со услугите за пациентите
Со блокирана сметка и долг од преку 3 милиони евра работи прилепската болница каде велат – и во ваква состојба нема проблем во пружањето здравствени услуги за пациентите.
За големите долгови новото го обвинува старото раководство, а полицијата ја истражувала документацијата.
-
Македонија 09.10.2024 14:57
Опозицијата бара власта да се изјасни за следните чекори за патот кон ЕУ
Кој е планот на Владата за евроинтегративниот процес-прашува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој побара од премиерот Мицкоски да одговори за иницијативата за затворена собраниска седница на кој ќе ги претстави следните чекори за евроинтегративниот пат.
-
Македонија 09.10.2024 14:57
Труење е веројатната причина за смртта на мајката и ќерката од Слатино
МВР и тетовското јавно обвинителство интензивно работат на расчистување на настанот во тетовското село Слатино, каде што беа пронајдени починати мајка и ќерка.
-
Македонија 09.10.2024 14:47
Филков: Ќе ги споведеме неопходните реформи за Судскиот совет, колку и да се тешки
Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на настанот „Судски совет-Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“.
-
Свет 09.10.2024 14:46
Зеленски и Пленковиќ потпишаа Договор за долгорочна соработка
Жестоки борби на украинскиот фронт. Соборени дронови на двете страни. Москва тврди за успешниот напредок во Доњецк. Киев, пак, дека во Брјанск уништиле складиште со муниција, вклучително и ракетно оружје испорачано од Северна Кореја.
-
Македонија 09.10.2024 14:44
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
Вчера во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода У.Д.(44) од Охрид.
-
Македонија 09.10.2024 14:41
Министерката Јаневска на дебата „Патот кон дигитална трансформација на државните универзитети“
Дигитализацијата во високото образование, како дел од сеопфатната дигитална трансформација на општеството и работењето е меѓу врвните приоритети на кои ќе работи Владата во следните години.
-
Свет 09.10.2024 14:12
Ураганот „Кирк“ пристигнува во Европа
Ураганот Кирк се движи низ Европа, класифициран како тропска бура. Влијанијата веќе се чувствуваат во Португалија и северозападна Шпанија.
Во Порто, Португалија, регистрирани се поплави, паднати дрвја и затворени училишта. Повеќе од 300 илјади луѓе останаа без електрична енергија.
-
Македонија 09.10.2024 13:36
Уставниот суд го укина „балансерот“
Уставниот суд на денешната 27-ма седница одлучи да го укине „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.









