Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје во новиот извештај Морталитет и морбидитет од рак на дојка кај жени во Македонија по повод одбележувањето на октомври – Меѓународниот месец на борбата
Вести
-
Македонија 04.10.2024 08:50
-
Свет 04.10.2024 08:49
Силен земјотрес во Романија
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во општина Нереж во областа Вранча на длабочина од 104 километри, нешто пред четири и пол часот наутро.
-
Македонија 04.10.2024 08:32
Меѓународна македонско-полска научна конференција
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска и утре ќе биде одржана 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција.
-
Македонија 04.10.2024 08:21
Доделување на признанието „Просветен работник на годината“
Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври – Меѓународен ден на учителите, денеска ќе го додели признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2023/24, од сите нивоа на образование.
-
Македонија 04.10.2024 08:19
Меџити во посета на Арачиново
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе го посети Арачиново, каде што ќе врши увид на регулацијата на дел од ободниот канал.
-
Македонија 04.10.2024 08:18
Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“ по повод 75 години од основањето на Градежниот факултет
Градежниот факултет како составен дел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава слави 75 години од основањето.
-
Македонија 04.10.2024 08:14
Работилница за наставници од основните училишта „Собранието и граѓанското образование“
Во Собранието денеска ќе се одржи работилница за наставници од основните училишта насловена „Собранието и граѓанското образование“.
Работилницата ќе ја отворат Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт и Бобан Стојаноски, заменик-генерален секретар на Собранието.
-
Македонија 04.10.2024 08:14
Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност – дискусија во Скопје
Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво деенска организираат настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“.
-
Македонија 04.10.2024 08:11
Амбасадорката Ларсон на средба со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Шведска
Во Собранието денеска шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин ќе има средба со Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска.
Пратениците на Левица Реџеп Исмаил и Димитар Апасиев, пак, ќе остварат средба со рускиот амбасадор Сергеј Бездникин.
-
Македонија 04.10.2024 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.










