Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Вести
-
Македонија 04.10.2024 08:08
-
Македонија 04.10.2024 08:07
Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на Криволак
Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на Соединетите Држави во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на денешната методско-показна вежба на армискиот полиг
-
Македонија 04.10.2024 08:02
Субвенции за набавка на приплоден добиток
Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на педигрирани свињи од увоз или од признати организации.
Набавката треба да е направена од први октомври 23 до 30 септември 2024 година, а последниот рок за поднесување на барањата е до 31 октомври.
-
Свет 04.10.2024 07:57
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Хезболах, сирени за тревога на двете страни
Продолжија ракетните напади меѓу Израел и Хезболах. Сирени за тревога се огласуваат на двете страни. Тел Авив го зголемува притисокот врз милитантите. Извршени серија последователни удари врз Бејрут. Цел на нападот бил потенцијалниот наследник на Насрала.
-
Македонија 04.10.2024 07:53
Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.
-
Македонија 03.10.2024 21:06
Димитровски се обрати на Конференцијата за спротиставување на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денес имаше воведно обраќање во рамки на Конференцијата за спротивставување на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје, која се одржува во Скопје, во организација на Балканската безбедносна мрежа и Стејт Де
-
Македонија 03.10.2024 20:35
Муцунски: И покрај неправдите посветени сме на ЕУ
Замислете го разочарувањето кај држава која има направено сè што било побарано од неа само за да и биде кажано дека целта не е на дофат.
-
Македонија 03.10.2024 19:46
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
-
Македонија 03.10.2024 19:04
Министерот Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.
-
Економија 03.10.2024 18:34
Рудниците во РЕК Битола се во лоша состојба
Откривката на јаловина за ископ и транспорт на јаглен во рудниците во РЕК Битола е на загрижувачко ниско ниво. Неремонтираниот Блок 1 оди во ладна резерва и ќе се активира во најстудените денови доколку се обезбедат потребните количини на јаглен.










