Вести

  • Македонија 01.10.2024 08:37

    Прв академски час за идните бруцоши

    Прв академски час за идните бруцоши. Почнува учебната година за новите студенти. На универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ имаше безмалку 10 илјади слободни места, пред 12 години таа бројка беше 12 илјади. Голем дел од факултетите поради слабиот интерес ги намалија квотите.

  • Свет 01.10.2024 08:29

    Израелската војска започна со копнени операции против Хезболах во Либан

    Израел почна со ограничени копнени операции против Хезболах во Либан. Армијата вели дека ја почнува следната фаза, среде глобалните барања да запре теренската операција.

  • Македонија 01.10.2024 08:21

    Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

    На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Економија 01.10.2024 08:17

    Повисоки пензии за 2.500 денари

    Септемвриската пензија пензионерите денеска ќе добијат со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија.

  • Економија 01.10.2024 08:07

    Нови пари за рибниците

    Со овие пари може да се градат нови капацитети и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите. Корисници се микро, мали и средни претпријатија регистрирани за дејноста аквакултура кои имаат или користат недвижен имот.

  • Македонија 01.10.2024 08:03

    Свежо утро, преку ден сончево со умерена облачност

    Свежо утро, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

  • Македонија 01.10.2024 08:01

    Мицкоски ќе даде отчет за првите 100 дена од мандатот

    Премиерот Христијан Мицкоски ќе даде отчет за првите 100 дена од мандатот. Според најавите, ќе ги презентира проектите и мерките, но и предизвиците со кои се соочува државата, пред сè во евроинтеграциите.

  • Македонија 30.09.2024 21:57

    Земјотрес регистриран во источниот дел од Македонија

    Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер регистриран во источниот дел од Македонија. Епицентарот е на 13 километри северно од Берово, со длабочина од 12 километри. 

  • Македонија 30.09.2024 21:00

    Приведен крадец во Прилеп, украденото вратено на сопственикот

    Вчера во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба. Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.

  • Економија 30.09.2024 20:13

    Во државава има 340.482 приматели на пензија

    Во државава има 340.482 приматели на пензија. Корисници по однос на работно право се најголемиот број од нив и тоа 339.692 од кои семејна пензија примаат над 74.200, инвалидска околу 26 илјади и остатокот старосна пензија.

Pages