Повеќе од 100 започнати и реализирани проекти, за 2.500 денари зголемени пензии, бесплатни учебници, проширена позитивна листа со 87 генерички лекови. Мицкоски со отчет за сработеното за првите месеци од мандатот.
Вести
-
Македонија 01.10.2024 14:56
-
Македонија 01.10.2024 14:51
Филипче контра Мицкоски за остварените резултати
Добивме влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.
-
Македонија 01.10.2024 14:44
Бактерија во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје
Бактеријата стафилокока е причината за труењето на 140 деца од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Од земените примероци храна, била пронајдена во десертот, бомбици кои учениците ги добиле откако јаделе мусака.
-
Свет 01.10.2024 14:27
Се запали училиштен автобус на Тајланд, најмалку 25 загинати
Најмалку 25 лица загинаа откако пожар изби во училиштен автобус во предградие на Банкок. Во моментот на несреќата автобусот превезувал 44 патници-помлади ученици и нивните професори.
-
Македонија 01.10.2024 14:08
Продолжи судскиот процес против Мерко за незаконското поставување директори
Продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување на директори во училиштата. Исказ даваше секретарката на основното училиште од Велешта, која кажа дека трпела мобинг од директорката.
-
Македонија 01.10.2024 14:05
Почна академската година на Универзитетот „Гоце Делчев“
Ова се идните градители на нашата земја и ние како универзитет ќе им овозможиме квалитетно образование со надеж дека своите кариери ќе ги градат овде. Ова е пораката на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ на свечениот прв академски час за новите студенти.
-
Македонија 01.10.2024 13:34
Почна новата академска година
Почна нова академска година, но со помал број бруцоши. Најголем интерес за студирање има на природно-техничките факултети, но и на најбараниот факултет-ФИНКИ има над 300 студенти помалку од лани.
Професорите им посакаа успех на студентите и ветија подобри услови за студирање.
-
Економија 01.10.2024 13:20
Зголемен бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,4 проценти. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Култура 01.10.2024 12:58
Театар Улисис од Хрватска на фестивалот РУТА во Драмски
На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на Улисис од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев.
-
Економија 01.10.2024 12:53
ССМ не отстапуваат од барањето за зголемување на минималецот
Нечовечки е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој укажува дека за да се покрие една синдикална минимална кошница се потребни три минимални плати.










