Израелската војска ги прошири нападите врз милитантните групи поддржани од Иран. На повидок копнена офанзива во Либан. Интензивирани се воздушните напади врз упориштата на Хезболах во јужен Бејрут и на други места.
Вести
-
Свет 30.09.2024 08:46
-
Свет 30.09.2024 08:44
Се санираат штетите од ураганот „Хелена“ во САД
На југоистокот на САД почнаа големи активности за санирање на штетите од предизвикани од ураганот „Хелена“. Бурата оштетила водоснабдувачки системи и важни транспортни патишта низ целиот регион. Милиони луѓе останаа без струја.
-
Македонија 30.09.2024 08:39
ДЗР и Црвениот крст денеска ќе потпишат Меморандум за соработка
Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Црвениот крст ќе реализираат заеднички активности насочени кон поддршка на ранливите категории на население и промоција на хуманитарните принципи.
-
Македонија 30.09.2024 08:35
Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт ќе биде отворен денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската Унија.
-
Свет 30.09.2024 08:27
Ултрадесничарската Партија на слободата победи на изборите во Австрија
Ултрадесничарската Партија на слободата победи на парламентарните избори во Австрија со освоени 29,1 насто од гласовите. На второ место е Народната партија на канцеларот Карл Нехамер со поддршка од 26,2 процента. На трето место се Социјалдемократите со 20,4 насто од гласовите.
-
Македонија 30.09.2024 08:18
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 30.09.2024 08:15
Продолжуваат нападите на Запорожје, најмалку 16 лица ранети
Најмалку 16 лица се ранети во најновите руски напад на Запорожје. Оштетени се згради и железничката инфраструктура, соопштија украинските власти.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили презеле контрола врз населба во областа Луганск.
-
Свет 30.09.2024 08:13
Расте стравот од сеопфатна војна
Израел ja продолжи офанзивата со напади на неколку локации во Либан, за кои Тел Авив тврди дека се упоришта на Хезболах, и во Јемен на места за кои тврди дека се упоришта на Хутите преку кои се шверцува иранско оружје. Има жртви и повредени.
-
Македонија 30.09.2024 08:05
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
-
Економија 30.09.2024 08:03
Повик за финансирање на рибарството
Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите регистрирани за оваа дејност кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници и дозвола за користење на вода во зоните предвидени за аквакултура.










