Не стивнуваат воените дејствија на Блискиот Исток. Тел Авив е подготвен за копнена офанзива во Либан, израелски трупи се распоредени во близина на границата. Почнати се мали операции преку границата за отстранување на позициите на Хезболах.
Вести
-
Свет 29.09.2024 12:15
-
Македонија 29.09.2024 11:40
Традицијата во Прилеп за домашен ајвар останува, но се намалува
Прилепчанецот Петар Костадиноски ја одржува традиција на приготвување зимница. Особено ајвар. Како дома приготвениот ајвар нема никаде, вели со задоволство. За дома е исплатливо, а не и за продавање. Сака да ги израдува и внуците.
-
Култура 29.09.2024 11:00
Ново археолошко откритие во Самоиловата тврдина
Ископувањата во Самоиловата тврдина кои започнаа пред две децении се интензивираа во последните 5 години, а во фокусот е археолошкиот локалитет каде што некогаш се наоѓала резиденцијата на Џеладин Бег која била опожарена во 1831 година.
-
Македонија 29.09.2024 10:24
Приведено лице барано со потерница
Вчера во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година.
-
Македонија 29.09.2024 09:46
Средба на министерот Муцунски со индискиот колега Џаишанкар
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Индија, Субраманјам Џаишанкар.
-
Свет 29.09.2024 09:42
Невреме во регионот, погодени Словенија, Хрватска, Србија и делови од БиХ
Невреме придружено со дожд ги погоди Словенија, Хрватска, Србија и делови од Босна. Во Словенија се излеа реката Соча, поради што пожарникарите мораа да реагираат. Силен дожд и во Загреб.
-
Свет 29.09.2024 09:10
Ситуацијата на Блискиот Исток се вжештува, израелските војници во Либан нападнале позиции на Хезболах
По убиството на водачот на Хезболах, ситуација на Блискиот Исток се вжештува. Израелските војници влегле во Либан и ги нападнале позициите на Хезболах, потврдија американски официјални лица.
-
Македонија 29.09.2024 08:57
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.09.2024 08:20
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, a долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70 км/ч.)
-
Македонија 28.09.2024 19:26
Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.










