Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Вести
-
Свет 23.09.2024 11:30
-
Македонија 23.09.2024 11:20
Посебен режим на сообраќај денес во Скопје
Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Парламентот на Република Албанија, Елиса Спиропали.
-
Култура 23.09.2024 11:12
Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади во КИЦ
Културно информативниот центар организира Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади која ќе се одржи во среда, 25 септември 2024 година, во Салон Империјал 2 со почеток во 19:30. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.
-
Македонија 23.09.2024 10:57
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 23.09.2024 10:41
ЦУК: Во последното деноноќие само еден пожар на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање
-
Македонија 23.09.2024 09:40
Катастар: Значително намален бројот на заостанати предмети
Во последните два месеци, бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности е намален за 85%.
-
Свет 23.09.2024 09:27
Се разгорува конфликтот меѓу Израел и Хезболах
Израел продолжи да спроведува широки напади врз Хезболах во долината Бека во Јужен Либан додека сирени за тревога се огласуваат на северот од земјата. Одбраната на Тел Авив тврди-пресретнала ирански дронови инфилтрирани од Сирија. Велат дека ќе продолжат со нападите додека не ги исполнат целите.
-
Свет 23.09.2024 09:14
Најмалку шест лица загинаа во поплавите што ја погодија Јапонија
Најмалку шест лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија централна Јапонија во последните два дена, јавија локалните медиуми.
Две лица се водат за исчезнати.
Десетици реки се излеаја од коритата во текот на викендот, предизвикувајќи огромни штети на околните места.
-
Култура 23.09.2024 08:54
Гостување на Македонска филхармонија во Дубровник
Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.
-
Македонија 23.09.2024 08:51
Без вода делови од Карпош и Центар
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Крагуевска“, „Беджих Сметана“ и „Драган Ѓаковски-Шпато“ во општина Карпош.










