Министерот за надворешни Муцунски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации се очекува да оствари билатерална средба со неговиот грчки колега Герапетритис.
Вести
-
Македонија 23.09.2024 08:32
-
Економија 23.09.2024 08:19
Од денеска пониски маржи за 10 проценти
Од денеска стартува владината одлука за пониски маржи за 10 проценти за дел од основните прехранбени производи.
-
Македонија 23.09.2024 08:12
Свежо утро, преку денот сончево и релативно топло
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло.
-
Македонија 23.09.2024 08:10
Во Скопје регистриран земјотрес од 3,4 степени по Рихтер
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер е почувствуван изминатата ноќ во Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, регистрираше потрес во 2 часот и 2 минути по полноќ чиј епицентар бил 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри.
-
Македонија 22.09.2024 18:04
Светот договара глобални решенија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79-тото Генерално собрание на ОН денеска ќе говори на Самитот на иднината. Големите сили пред предизвик, не сите се согласни за изгледот на завршната декларација.
-
Економија 22.09.2024 15:05
Од утре намалени цени на 73 производи
Трговците чекаат „Службен весник“ да ја објави одлуката за да можат да направат промена во изложените цени и фискалните каси. Пониски маржи за 10 процени на производите се очекуваат идната недела.
-
Економија 22.09.2024 14:51
Социјално ранливите категории најпогодени од инфлацијата
Најпогодени од ценовниот шок и инфлацијата се социјално ранливите категории на граѓани, а еден од нив е Трајче Конески, кој е сопруг и татко на две малолетни деца. Пред пет години поднел барање за социјална помош, но му било одбиено.
-
Македонија 22.09.2024 13:24
Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79-тото Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
-
Македонија 22.09.2024 13:14
Жителите во кочанскиот регион бараат ефикасно запрашување против комарци
Првата жртва на западно-нилска треска е 78-годишен маж од Облешево, кој на 10-ти септември во неконтактибилна состојба и со температура бил донесен на Инфективното одделение на болницата во Штип.
-
Свет 22.09.2024 12:58
Нови ракетни напади преку израелско-либанската граница
Блискиот Исток не мирува. Нов бран воздушни удари преку сината линија со Либан. Хезболах изврши жесток ракетен напад со стотици проектили длабоко во Израел. Тел Авив подигна авиони возвраќајќи го ударот. Тврди дека голем број од непријателските ракети се пресретнати во Хаифа и Назарет.










