Вчера во Скопје на 86 години од животот почина доајенот на македонската народна песна Анка Гиева. Беше дел од плејадата познати песнопојци – пејач со препознатлив и карактеристичен глас, која за музичката продукција на Македонската радио-телевизија има снимено безброј убави народни песни.
Вести
-
Македонија 08.09.2024 17:00
-
Македонија 08.09.2024 16:07
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години
Денеска во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
-
Македонија 08.09.2024 15:29
Неисправна минералната вода во Проевце
Природно минералната вода од дел од чешмите во кумановско Проевце не е безбедна за пиење, покажаа анализите на Центарот за јавно здравје Куманово. Потврдено е присуство на бактерија. За состојбата е известена и општина Куманово.
-
Македонија 08.09.2024 14:55
ЦУК: Активни се 3, под контрола 4 пожари
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар.
-
Свет 08.09.2024 14:44
Северна Кореја ќе ги надгради сопствените нуклеарни сили
Северна Кореја соопшти дека, во случај на нуклеарни закани од САД, ќе ги надгради сопствените нуклеарни сили за да ги заштити интересите и суверенитетот на земјата.
-
Македонија 08.09.2024 13:30
Лидерот на СДСМ Венко Филипче упати честитка по повод Денот на независноста
Честитка до македонските граѓаните по повод Денот на независноста упати и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет.
-
Македонија 08.09.2024 13:25
Мицкоски: Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија
Честитка до граѓаните на Македонија по повод празникот на независноста упати премиерот Христијан Мицкоски. Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме.
-
Култура 08.09.2024 12:41
Празнично Охрид ги отвори вратите на музеите
Празнично вратите на музејските објекти во Охрид отворени без наплата на влезници. Голем број посетители се запознаа со богатото културно историско и национално наследство. Најголем интерес за музеите има кај странските туристи.
-
Македонија 08.09.2024 12:14
Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на 9.
-
Свет 08.09.2024 12:01
Прва претседателска дебата на Камала Харис и Доналд Трамп
На 10 септември во Филаделфија, Пенсилванија, прва дебата меѓу претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп. Дуелот ќе трае 90 минути со две паузи за реклами. Нема воведни зборови, а завршните ќе траат по две минути.










