Трансферот на балистички ракети од Иран во Русија би значел голема ескалација на војната во Украина, соопшти Белата куќа, по извештаите дека двете земји ги продлабочиле врските во последните недели со трансфер на оружје.
Вести
-
Свет 07.09.2024 09:46
-
Свет 07.09.2024 09:37
Израелската војска соопшти дека нападнале команден центар во Газа
Израелските одбранбени сили соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна организација Хамас лоциран во зграда во северниот дел на Газа, која претходно служела како училиште.
-
Македонија 07.09.2024 09:11
Нема веќе турканици, вадење пасоши и лични документи во редовен рок
Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.
-
Свет 07.09.2024 09:07
Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Турција
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува ЕМСЦ.
-
Македонија 07.09.2024 08:57
Eвроинтегративниот пат на земјава во фокусот на средбата на Муцунски со Петер Сјарто
Eвроинтегративниот пат на земјава во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Tимчо Муцунски со унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сјарто. Муцунски отпатува во работна посета на Будимпешта на покана на неговиот унгарски колега.
-
Македонија 07.09.2024 08:45
На граничните премини задржувања до еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.
-
Македонија 07.09.2024 08:41
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
-
Свет 06.09.2024 21:02
Земјотрес ја погоди Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Црна Гора.
Епицентарот бил на 27 километри северозападно од Никшиќ.
Тресењето на земјата се почувствувало и во Подгорица. Засега нема информации за жртви и материјална штета.
-
06.09.2024 20:45
Тинејџер го нападнал својот татко, му го скршил стаклото на возилото па физички го нападнал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(18) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.
-
Македонија 06.09.2024 20:28
Опасност од Морбили, потребна е имунизација
Во Македонија годинава се регистрирани два случаи на мали сипаници. Првиот заболен беше јуни – шестгодишно дете од струшко Лабуништа кое беше хоспитализирано на Детската клиника. Тоа не беше вакцинирано, ниту патувало со семејството надвор.










