Огнот кај мариовско сè уште гори. Од терен велат дека пожарот не ги загрозува куќите. Доза оптимизам влева временската прогноза која најавува дожд.
Елизабета Митревска известува од Прилеп
Огнот кај мариовско сè уште гори. Од терен велат дека пожарот не ги загрозува куќите. Доза оптимизам влева временската прогноза која најавува дожд.
Елизабета Митревска известува од Прилеп
Во земјава е регистриран втор случај на мали сипаници за оваа година. Станува збор за 12 - годишно дете од Долно Коњаре, Општина Петровец. Првичните симптоми кај детето започнале пред една недела, откако со семејството се вратило од Нови Пазар, Србија.
Унапредување на соработката со Државен завод за статистика, преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на неговиот унгарски колега Петер Сијарто е во работна посета на Будимпешта. Унгарија е актуелен претседавач со Советот на Европската унија во втората половина на 2024-та година.
Новоназначениот шеф на канцеларијата на Европската комисија во Скопје, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска ги предаде акредитивите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Официјално, Рокас ќе ја извршува должноста евроамбасадор во земјава во наредните три години.
Повисоката температура од речиси еден целзиусов степен, споредено со лани го постави неславниот рекорд што му се заканува на постоењето на човештвото.
Воените потреби на Киев, тема на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воено-воздухопловната база Рамштајн, Германија.
Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските сили го напуштиле градот Џенин на Западниот Брег, а во десетдневната операција загинале 21 лице. Од друга страна, израелската одбрана соопшти дека нивните борбени авиони погодиле складиште за оружје на Хезболах во јужен Либан.
Денеска СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Н.Е. Петра Дрекслер.